Второ издание на „Скоро парижанка”!

disambiguation: Не е „Како да бидеш парижанка”. За таа фантастична книга пишував овде. Оваа е друга, сме збореле, насловот е „Скоро парижанка или како да ги преживееш своите доцни дваесетти …во Париз” Да, долг е насловот. Ај на англиски, како што му е оригиналот, со нешто помалку од 5 ѕвезди на Амазон: Almost Parisian,  or How to survive your late twenties …In Paris Ама тоа … Продолжи со читање Второ издание на „Скоро парижанка”!

Пишувањето роман е преживување

Originally posted on Literatura.mk:
Во друштвото на домашни книжевни автори, таа е необична појава, пишува на англиски јазик, а потоа сама се преведува, прва објавува книга на „Киндл“, ќе ја најдете на „Амазон“… Малку писателски стаж, а многу позитивни критики за нејзините книги. Непосредно пред промоцијата на романите на „Саемот на книгата“ во Франкфурт, а потоа во Скопје и во Белград, отворено интервју со… Продолжи со читање Пишувањето роман е преживување

Извадок од Скоро Парижанка: Како да ги преживееш своите доцни дваесетти… Во Париз

…сите подеднакво досадни за намрштените локални жители на кои им е преку глава да одговараат на „ИЗВИНЕТЕ МИС-ЈУ, КАДЕ Е МОНМАРТР“, кога Монмартр е веднаш зад аголот. Продолжи со читање Извадок од Скоро Парижанка: Како да ги преживееш своите доцни дваесетти… Во Париз

Скоро Парижанка: Како да ги преживееш своите доцни дваесетти …Во Париз

Тоа нештото што го напишав пред две години (три?) како Almost Parisian: How To Survive Your Late Twenties …In Paris, конечно стана ова: Дали Париз е секогаш добра идеја? Да, ама дискутабилно е малце. Да не ве лаже насловот, ова е роман. И не, нема да ви кажувам како да се справите со прагот на 30-тите во Париз, туку ќе ве поканам да и пофаќаме … Продолжи со читање Скоро Парижанка: Како да ги преживееш своите доцни дваесетти …Во Париз

Македонски филм со награда: Dark Hours: A Tale Of Noir

Да влезе у записник дека би сакала ова да беше рецензија, ама реално, врска немам кој и што е филмот, освен тоа што го прочитав на 2-3 сајта. Ќе биде. Нејсе, пошто имаме еден тон култура, најкултурна една земја сме, уметност слободно тече по улици (не како во други некои земји што си ја кочат уметноста на сметка на кич, шунд и гомна, пу пу), … Продолжи со читање Македонски филм со награда: Dark Hours: A Tale Of Noir

Дневна доза скопски минимализам

Бојана Бесова ја знам само од Фејсбук, и ништо не знам за неа, освен дека е графички дизајнер. На хоум ми залута еден нејзин финтаџиски дизајн што ме воодушеви, ваков: и ја побарав да видам што има друго. Има многу друго, многу осет за естетика и можете да и го видите Инстаграмот за да се уверите. Јас ќе ве оставам со неколку нејзини минималистички фотографии од … Продолжи со читање Дневна доза скопски минимализам

De:Sonanz Festival

Почна на 1-ви октомври и ќе ја разубавува душата на Скопје до 10-ти. Од музика, до уметност и работилници, фестивалот ни дава шанса малку да се растеретиме од неподносливата рутина што знае да го зафати градот на вакво време, и да поуживаме во поинакви работи. Подоле програмата што ја дигнав од евентот, па кој што го занима. Јас вечер идам на Баклава, а вие како … Продолжи со читање De:Sonanz Festival

Цртежите на Отец Пимен

Вечер во „Подрум“, во Буњаковец, Отец Пимен, за кој јас не знаев дека вака си цртка фини работи, ги изложува своите цртежи за воодушевување и продажба. Средствата од продажбата ќе одат за помош на Гоце од Ченто, како што пишува на евентот, а со сигурност можам да ви кажам дека ќе има убави луѓе таму. Изложбата е насловена „Балерините и нивната публика“, а почнува во … Продолжи со читање Цртежите на Отец Пимен

Градот што веќе не е мој – Јовица Ивановски

Тешко излегувам од дома за настан, ако не сум спремна ден унапред, ама на промоцијата на Јовица Ивановски за „Градот што веќе не е мој“ дознав вчера, кога и беше закажана, па некако не ми беше проблем одма да се одлучам. Со другар, со кој долго немав прилика да поуживам во дешавка како што му доликува на Скопје, се договорив и правец МКЦ. Беше мирно, … Продолжи со читање Градот што веќе не е мој – Јовица Ивановски

Уште еден Skopje Timelapse <3

…овој пат на Дарко Рајчин, со се што треба за потсетување дека и покрај се, ова си е наш и прекрасен град. Од изгрејсонце до зајдисонце, Скопје е тоа што живее околу нас, додека ние се брзаме да се натпаметуваме, да заработуваме и да мислиме на позелената трева од другата страна. А некогаш, се што треба е човек да си одбере кров од зграда, да … Продолжи со читање Уште еден Skopje Timelapse ❤

Type of Skopje

Tumblr е полн со богатства, ама секогаш е предизвик да најдеш богатства врзани со Скопје. Да, има слики и видеа, и по некој гиф, и по некоја непоканета гениталија, али супер е кога ќе најдеш цел еден проект и идеја за Скопје. Type of Skopje е блог на анонимен жител што слика типографија со Ајфон 6, додека оди на работа со точак. На некои следува … Продолжи со читање Type of Skopje

Список на сите пунктови за донации + што треба + сите начини за донирање

Документот каде што можете да видите каде има пунктови, кој до колку работи и кој вид на донација е потребен можете да го најдете ОВДЕ. Go Fund Me е сајт за собирање донации за било која цел од целиот свет. За поплавите можете да донирате на ОВОЈ ЛИНК. Групата на Фејсбук за помош на настраданите, каде што можете да добиете информации од прва рака, адреси, … Продолжи со читање Список на сите пунктови за донации + што треба + сите начини за донирање