Скопје и Бојана

Лонг тајм ноу си, драги луѓе. Толку многу пишувам на различни места, што не ми остануваат зборови за тука.

Или така мислев, веројатно ми фалело инспирација. Која бтв, си дојде во форма на фотографиите на една Бојана, или MissChievous, или домаќинката на блогот Dreams, Romance, Excess.

Деновиве гледам се врткаат едни те исти фотографии од Скопје, стари, носталгични, преубави. Би сакала да ги споделам, ама во милионите споделени на  Skopje & Me, веројатно ги имам. Ги имаме, да не заборавам дека таа страница е често заедничка со вас. Никнале нови фејсбук страни за неуморно, ведро, со елан хвалоспевање на Скопје, што ми е истовремено драго, плус ме фрла во некоја носталгија кога бев во поголема љубов со Градот. Ама сликите се тие, истите.

Затоа отидов на Тумблр, да барам ново. И најдов.

Бојана. Историчарка на уметност и фотограф од Скопје.

И би сакала да ви ја покажам. Нејзиниот блог е емотивен. Исти и се и сликите. Што е толку привлечно на нив? Бојана не се труди да го прикаже Скопје какво што било, или може да биде. Скопје на сликите на Бојана е такво какво што е сега: меланхолично. Со некое ситно светло на крајот на тунелот 😉

Повеќе на Прошетка низ градот со име Скопје, и кај Бојана на Инстаграм.

Коментирај