Насмевни се, не бери гајле

Нормално дека сте ја чуле „Скопје“ од  „Леб и сол“. Повише од триесе години е најбољата песна за Скопје, ако не, барем е најраширена. Не само у Скопје, не само генерациски, не само у Македонија, него и по Југославија ја знаат. Сте чуле и за нејзиниот текстописец. Можда и не знаете многу работи за него, па чак што више и што напраил. Е па, нема денес да збориме нити за него, нити за групата. Заслужуваа башка текстови за секој од нив посебно. И имиња на улици.

Ќе збориме за Скопје. Песната. Или зашто до сега не сфативме, дека се крие фантастична поема, стаена у детска песна. Мислите дека е нарачана, мислите дека е шала, дека Горан онака нашврљал нешто на салфетка колку да можете да викате је је је, да да да и да ја препознавате по сајзерот? Тарара тарара ра та та. Не. Није шала. Тоа ремек дело у брутален минимализам. Баш као и скопскиот дијалект, баш као и скопскиот менталитет. Бар као што бил порано.

Морам да кажам, дека уште не ми е све дешифрирано. Можно е некои стихови да се само еден поетски опис, ама може има и друго закопано благо. Идеме.

„Скопје има микроклима, изгор лета, кочан зима“ е  ваљда само опис. Пошто таква му е климата. 

„Градски ѕид и голи брда, сино небо, земја тврда“ не е само опис. Да, личи као па што не го ставил Кале, што не го ставил Камени, Ристичева… Градски ѕид е проект на Кензо Танге. Едно архитектонско чудо, за кое можеме да сањаме денес. Не толку естетски, колку што е мислено како да струи воздух, како да се сместат луѓето, како да растат пузавци. Истиот тој ги проектираше и нова железничка, факултетите на Битпазар и уште пар работи. На пример, железничка требала да биде у еден тунел од Зелениково до Миладиновци. Центарските стубови, требало да бидат дел од трговски центри, слично на новата аутобуска што е напраена. И све тоа у мермер. Најјаки се факултетите што требаше да имаат мали фонтанички на секој ќош. Тоа што остана бетон од све тоа, не е крив Танге. Али да не бегам од темата, затоа Градски ѕид не е само попис. Голите брда се и Водно и Црна гора. Водно особено. Било малтене вулкански камен, додека не почнале да го озеленуваат после ратот. Некои викаат дури и дека со динамит ги кршеле карпите. А земјата е стварно тврда. И затоа се и скопјаните слични. Тоа би ви го кажале старите маалски бавчаџии, што пробуеле да посадат нешто у двор, а да не е у Драчево. Значи ги опишува и луѓето, не само објектите. 

„Матен Вардар брзо тече, тајни носи, време влече“ е фраза што уопште не е празна. Не знам за кои тајни мислел, да е матен, е матен. Мислам дека повише мислел на вљубените парови, него на несреќното погубуење на Карпош. Али вреди и даље да се истражуе.

„Скопје прави падни – стани, има девет лути рани“. Ова се стиховите што ме натераа да изразам поштовање на ова негово дело. Видете го тој детски минимализам. Занемарливи фрази. Падни-стани не е само нашиот дијалект, кај што се опишуе не само дете кога проодуе, не само кога скопјаните идат кроз живот, него и – земјотресите. Да, Скопје пострада од последниот, али неколку пути го дрмало. И не само земјотреси. Тука се и поплави, и пожари, и болести. Прави падни и многу битно за нашиот карактер – стани. Тоа е народска метафора за Феникс, птицата што се раѓа од сопствената пепел, и што е симбол на градот. И има девет лути рани. Сите куршумлии. Тоа се стиховите од „Море сокол пие вода на Вардарот“. Сокол. Уште една благородна птица, заштитен симбол на градот. Али, не е до птицата колку до несудената химна на првите навијачи на ФК Вардар, тогашна Македонија. Ги гледавме у „Трето полувреме“ на Митревски, на железничка станица како се спротистављаат со таа народна песна на моменталните окупатори. И со таа песна победија. Да го скриеш Фениксот у стихови од народна песна е повише од генијално.

„Скопје има славни маала, Дебар маала, није шала“. Има, сега више претопени од новите општини Карпош, Аеродром, Чаир, Центар… Неговото маало е ваљда Дебар маало, иако би се кладел дека би требало да е Тафталиџе. За Ново маало, Маџир маало, Бирарија, Водњанска, Топаана, Пајко маало, Козле, Острово, Рампа и Чешма, Ѓорче држава во некој друг текст. 

„Скопје јава брзо коњче, а бре момче Македонче“. Он е од друго време. Мислам дека не се вреѓал на Македонче. Го гледал повише као дете што брза да се развие од корзо у метропола.

„Градот пости, градот пие, градот демне, градот спие“. Сеирот е у прв план. Од корзото наваму, ние уште фаќаме сеир. И тоа се тие спротиставени вредности. И да шљокаш, и сеир да фаќаш, ама и да постиш од све тоа.

„Рано утро чкеме чорба, после секој своја борба“. Тоа е тој стил. Сега повише сме на симит погача, уште еден скопски феномен. 

„Млади моми, љубов водат, душа вадат, очи бодат. Разни бељи прават деца сите ќе ги папа Меца“. Баба Меца е Баба Рога или Бабадук или Тоде со комбето што ќе те однесе ако не спиеш. Баба Меца се спомиња у постара детска бројалка, веројатно после ратот „Падна бомба од небето па удари баба Меца, тече гној тече крв, кој искочи тој е прв“. Али проблемот е што младината не трча толку да се мажи, него љубовта ги убрзуе. И тој боемски живот у Скопје до сабајле од Идадија до Парк си го прави своето.

„Јас и ти сме браќа стари, таква љубов чини пари. Ти ме чуваш, ти ме сфаќаш, ти за кусур не ме фаќаш.“ Уште една скопска фраза, што па и наравот ни го прикажуе. И ваљда душата. Фала му на Горан, уште имаме за читање од него. 

Насмевни се, не бери гајле. Намигни ми, ајде на здравје – Скопје!

-Сибо

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s