Македонски филм со награда: Dark Hours: A Tale Of Noir

Да влезе у записник дека би сакала ова да беше рецензија, ама реално, врска немам кој и што е филмот, освен тоа што го прочитав на 2-3 сајта. Ќе биде.

Нејсе, пошто имаме еден тон култура, најкултурна една земја сме, уметност слободно тече по улици (не како во други некои земји што си ја кочат уметноста на сметка на кич, шунд и гомна, пу пу), па нема време да се напише нешто и за македонскиот краток филм Dark Hours: A Tale Of Noir, и неговото постоење, па и неговата освоена награда на Humphrey Bogart Film Festival, за film noir студентски кратки филмови.

Наградата е CASABLANCA AWARD for outstanding foreign-language film or film made in a school outside the US (за странски филм или филм направен во школо надвор од САД).

Трејлер не најдов, ако имате пратете ми. На сајтот на Cinedays вика вака:

dark-hours

МРАЧНИ ЧАСОВИ: НОАР ПРИКАЗНА / DARK HOURS: A TALE OF NOIR

Режија / Director: Trifun Sitnikovski
Година / Year: 2016
Времетраење / Duration: 28’

Синопсис: Човек умира во канцеларијата на еден груб и циничен приватен детектив, оставајќи му еден чуден џебен часовник со 13 бројки. Со надеж дека ќе најде одговори, детективот почнува да следи една таинствена жена, која е поврзана со убиениот човек и мистеријата на џебниот часовник.

Ми звучи супер интересно, ќе го има и на Синедејс, можете да проверите кога на сајтот.

***

Е па, честито дечки. Да ви се множат награди!

Јана

skopjeandme

Advertisements

One thought on “Македонски филм со награда: Dark Hours: A Tale Of Noir

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s