Многу е можно Ана Тодоровска од Скопје да е најдобар дизајнер во Македонија.
Уствари, многу е можно Ана Тодоровска од Скопје да е еден од најдобрите дизајнери и пошироко. Затоа што, совршен дизајнер не го бива само технички. На совршен дизајнер му текнуваат ствари што често знаат да те остават со отворена уста.
На пример, да ти текне да ги земеш најубавите обележја на нашиот град и да ги нацрткаш така фино и да ги залепиш на се што се користи секојдневно. Што има да спиете на обични перници, кога можете да спиете на цртеж од Матка? 🙂
За феноменалниот проект идејниот творец вика вака:
„Идејата на овој проект е да се претстави Скопје во едно убаво светло пред странските посетители и секако да можат да купат и понесат со себе сувенир како убав спомен или подарок. Сувенирите имаат помодерен пристап во однос на графичкото изразување со надеж дека ќе им бидат допадливи на посетителите и ќе помогнеме барем делумно Скопје да оди рамо до рамо со другите светски метрополи.
Сите илустрации се уникатни, од впечатливи и репрезентативни локации во Скопје, и истите се искористени за брендирање на сувенирите.“
Така што, ако Скопје ви е љубов, опремете се. Ако сакате да подарите некому љубов од Скопје, изберете што најмногу му одговара на карактерот (мене на пример све што е за кафе) и носете!
Има толку многу избор, да се изнервира човек на крај 🙂
Нарачки се прават на 070 344 181 и anatodorovska@yahoo.com
Па да видиме конечно:
Ви реков…
Сувенири од Скопје на Фејсбук – ТУКА.
На Инстаграм – ТУКА.