Парижаните на Ана Лубински

Ана е французинка и црта. Барав слики за друга галерија на Tumblr, и случајно налетав на нејзиниот блог, па сфатив дека заслужува посебен пост. Ликчињата што ги црта ги гледа по улиците и метрото на Париз, и замислува што би можеле да бидат и што се по професија. На пример: Еве уште: А вие си правите такви филмчиња? Јас да. Ана на Фејсбук И сајтот. … Продолжи со читање Парижаните на Ана Лубински

Супермаркет дава оглас за уметници што ќе работат за беспари…

И го јаде стапот. Sainsbury’s е втор најголем ланец на супермаркети во Велика Британија, што би значело дека доста заработуваат и дека не би требало да се сељачат и да нејќат да платат еден обичен дизајнер да им ја среди кантината, како што пишува дека бараат во еден оглас. Но, во огласот подоле, големиот супермаркет кани млади уметници, кои беспари би им ја средиле старата … Продолжи со читање Супермаркет дава оглас за уметници што ќе работат за беспари…

Програма за Spring Wine Festival, плус кое вино со што.

Малце едукација од Тина: Денеска започнува “Spring Wine Festival” 2016, а ќе трае се до недела. Скопје пет дена ќе има можност да ужива во безброј вински вкусови на најдобрите македонски винарии, како и во деликатесни мезиња. За сите гурмани и обожаватели на чашка добро вино, подготвивме еден мал едукативен текст- како да комбинирате храна и вино како и кои сорти на вино вреди да … Продолжи со читање Програма за Spring Wine Festival, плус кое вино со што.

Олдтајмери во Скопје

Сите ги сакам, би ги ставила дома наместо намештај и секоја вечер би ги покривала и би им пеела песни. Секоја чест за тие што стварно им пеат, ве поздравувам и ви љубоморам 🙂 Јана    Skopje & Me    Skopje Boutique     Продолжи со читање Олдтајмери во Скопје

Омилени ствари 2.

Април – симпатичен. Многу ми се засвиѓа идејата да обрнувам повеќе внимание на работите што ги гледам, купувам и пробувам и да одлучувам дали треба да се најдат во Омилени ствари. На пример за некои специјално се спремив, за благо да разочараат, а очекувањата ми беа толку големи, што веќе им имав смислено текст, но добро. Нешто е прастаро, а вратено во употреба, а нешто … Продолжи со читање Омилени ствари 2.

И Гоце #протестира: Цитати што важат и денес

1. Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце… 2. Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите… 3. Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија … Продолжи со читање И Гоце #протестира: Цитати што важат и денес

Југославија во став мирно!

Пред точно 36 години, во 15:05 часот, умира другарот Тито. Неколку години по ред, на 4-ти мај, низ сите бивши југословенски републики се случува ова: (Скопје е на 2:00) И за тие што не знаат и за тие што заборавиле. Продолжи со читање Југославија во став мирно!

Едно од најскопските видеа на интернет

Сите најважни скопски работи (читај: храна) во 2ипол минути. Ќе ви биде криво што завршило видеото, и истовремено ќе се чувствувате како да сте го гледале 24 часа. Затоа што денот е тој, и сите сме имале таков. Секоја чест на екипата. Повелете, 24 Hours Skopje: Продолжи со читање Едно од најскопските видеа на интернет

Гледавте Фчерашни новости?

Затоа што јас гледав, и сега тоа ми се омилените вести у свет. Толку се испости македонскава ТВ понуда од  сатира од крајот на К-15 па навака, што мислам дека емисијава освежи како ладен туш после ужасната, досадна измишљотина наречена сауна. И стварно, се вариме ко глупи во сауна од каде што испарува сељачизам, неписменост и систематско празнење мозок, скоро и да заборавивме што значи … Продолжи со читање Гледавте Фчерашни новости?

На ручек во Peking Garden

После долго договарање и откако ни се намножија поводите за частење, со омилените особи конечно седнавме во Peking Garden да си ги оствариме потребите за Asian cuisine. Знаев дека ќе ми се свиѓа, ама дека до толку ќе се воодушевам и ќе паѓам во несвест не очекував. Откако не смести една прекрасно љубезна девојка, и нарачавме сто литра вода, дехидрирани од многу книги купување (претходна … Продолжи со читање На ручек во Peking Garden