Омилени ствари 2.

Април – симпатичен. Многу ми се засвиѓа идејата да обрнувам повеќе внимание на работите што ги гледам, купувам и пробувам и да одлучувам дали треба да се најдат во Омилени ствари. На пример за некои специјално се спремив, за благо да разочараат, а очекувањата ми беа толку големи, што веќе им имав смислено текст, но добро. Нешто е прастаро, а вратено во употреба, а нешто е скроз ново. Првиот дел овде, а понатаму, Омилени ствари – втор дел.

Значи.

Благо: Дадо Чоколадо

unnamed (4)dado-i-goga

Не треба посебна најава дека е ова прастаро. Дадо беше љубов на прв поглед пред едно дваесет години, и си остана љубов. Само што, толку долго постои, што човек повремено ќе го заборави, па ќе му се наврати како јас овој месец што нонстоп го имав по дома. Чоколадото е преоблечено, ама вкусот е ист. Трк по Дадо.

Maigret-Sets-a-Trap-2016-movie-posterФилм: Maigret Sets A Trap

Или, „Мегре поставува стапица“, филмот е од 2016, со Rowan Atkinson  како Мегре. Има 75 детективски романчиња со овој лик, и филмот е базиран на еден од нив. Сол го направија на интернет, најчесто поради плитката констатација дека не можат да се навикнат да го гледаат Мистер Бин во сериозна улога, ама истиот тој Мистер Бин, е маестрален овде. Дејствието: сериски убиец во Париз ја малтретира полицијата и цело време и се лизга од раце. Одморете малку од Авенџерс и потсетете се колку е уствари човеков талентиран. Супер, супер филм.

 

12122598_1506408626336242_3318966577337228658_nАпликација: Avant Arte

Не можам да ви опишам колку сум среќна што го открив ова. Како Тиндер за љубители на уметност. Си правиш профил како ентузијаст, музеј, галерија или уметник, и следно ти е да swipe-аш лево-десно, и да гледаш и да заглавуваш со саати на разни уметнички дела. Можеш да разговараш со авторот, да направиш upload на твое дело, да купиш или да пребаруваш по филтри. Како Инстаграм, само без instagram models и без Кардашијанс. Моментално ја има само за iOS. Овде.

13187699_10156884979690554_960937595_n

Книга: Очи со боја на чевли

587_2_37_15__15__4_2013Korica
Заборавив да направам Саем на книга haul, ама меѓу другите, ја купив и Очи со боја на чевли од Петар Андоновски. Одамна на интернет имав прочитано извадок и многу ме заинтригира. Ја прочитав за два-три саати и не ме разочара. Многу добро, многу оригинално и многу така да се гордее човек дека дели пасош со вакви писатели. Очи со боја на чевли е приказна составена од два дела кои се испреплетуваат, бизарна, непријатна, а шармантна во исто време, до толку кристално чиста што чкрипи – како кожа на кондура (се извинувам, зборот чевел, освен ако не цитирам – не го употребувам). Не знам што да ви раскажам. Освен да ви ја покажам првата страница. Купете.

unnamed (7)

Козметика: Sensilis за усни

unnamed (5)

Веќе пишував за убедливо најјакото лабело што може да се купи кај нас, Галапро, ама тогаш не знаев дека истиот производител има извадено цела линија за нега на усни. Се вика Сенсилис, и има и стикови и путери за уста. Убедливо најомилен мирис од цела линија ми е јагода, затоа што мириса совршено, а бидејќи меѓу користењето Галапро и Сенсилис немав ни 5 минути пауза, веќе забораив што значи испукана уста. Значи, толку, со месеци не сум имала никаков проблем, а сите мат кармини изгледаат совршено. Единствен „проблем“ е што путерот после некое време сака да го нанесуваш со прст, што е малку нехигиенски ако си излезен и не си секогаш со чисти раце, ама затоа ги има истите мириси и вкусови во стик за во ташна, а путерот може за домашна нега. Врв. Зеленото е ментол и машко 😉

Ресторан: Peking Garden

Пекинг Гарден не е само за месечни фаворити, мислам дека ќе влезе во фаворити на годината. За ова имав посебен пост, што ако не сте го виделе, можете да го прочитате тука. Внимателно со кликање ако сте гладни затоа што ќе си направите проблем. Добро, секако ќе ви напраам проблем со сликава.

unnamed (6)

Друго: Kindle

KindleApp

Да се разбереме, книга од хартија си е книга од хартија, и ранецот што го измкнав од Саем на книга е доказ за мојата почит кон the old ways. Со Киндл се зафатив кога ја издавав мојата книга во електронска форма и не е фаворит само за месецов туку од поодамна. Киндл е всушност посебен гаџет за читање книги и служи само за тоа, па мислам дека е тотално глупо да се купи. Ама апликацијата Kindle, достапна за iOS и Android е скроз друга приказна. На пат не можеш да земеш цела библиотека, за да бираш баш што ти се чита во моментот, ама сигурно имаш таблет и телефон. На неколку долги летови и преседувања на аеродроми годинава имав избор од 15-тина книги од повеќе жанрови за читање и ептен ми се најде. Фонтот и страниците се оптимизирани за пријатно искуство, со опции за букмаркер, подвлекување и слично и ви препорачувам да симнете прво некоја од милионите бесплатни книги на Амазон за да ја пробате. А има избор и тоа како, од девојачки, до трилери, до кувари и самопомош. После тоа, буквално секоја книга што ќе излезе во свет, а уште не е стигната кај нас можете да ја купите и да ви се насади во телефон/таблет. И никаков shipping cost затоа што е електронска.

До следните омилени ствари,

Јана

facebook_circle_black-128 instagram-4-xxl twitter_circle_black-512

Skopje & Me
facebook_circle_black-128  twitter_circle_black-512

Skopje Boutique
facebook_circle_black-128

Advertisements

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s