И го јаде стапот.
Sainsbury’s е втор најголем ланец на супермаркети во Велика Британија, што би значело дека доста заработуваат и дека не би требало да се сељачат и да нејќат да платат еден обичен дизајнер да им ја среди кантината, како што пишува дека бараат во еден оглас. Но, во огласот подоле, големиот супермаркет кани млади уметници, кои беспари би им ја средиле старата просторија и би го истуриле своето знаење и креативност, во замена за неповторливо искуство и животна школа – да се работи беспари за голема корпорација и да се мисли дека баш тој ангажман ќе ти донесе слава, платени сметки и полн фрижидер. И уште, најдрско у свет викаат, не ни е битно што сорта сте, црни, бели, машки, женски, шо да е, само беспари доете, пардон, ние сме одушевени што ќе соработуваме со вас.

И затоа што уметниците се тоа што бидејќи имаат една жичка звана – креативност, наскоро се појавува уште еден оглас. Во него, царевите викаат „УМЕТНИЦИ БАРААТ СУПЕРМАРКЕТ КОЈ БЕСПЛАТНО ЌЕ ГИ ПОНУДИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ“, притоа умешно користејќи ги истите реченици што дрскиот Sainsbury’s ги измишља за да привлече бесплатна работна рака. Вика, не е битно ни какви сте, ни што сте, ние сме воодушевени што ќе добиеме беспари храна. Можете вика, да стекнете уникатно искуство во прехрамбената индустрија со тоа што ќе ја задоволите нашата потреба да се храниме и да живееме удобно.
Повелете:
Уметноста е нечија животна определба и професија. Тоа што некои не го разбираат тоа не значи дека не е, туку значи дека тие што не разбираат се глупи.
Па макар и биле втор најголем ланец на супермаркети во држава што е светска велесила.