Затоа што јас гледав, и сега тоа ми се омилените вести у свет. Толку се испости македонскава ТВ понуда од сатира од крајот на К-15 па навака, што мислам дека емисијава освежи како ладен туш после ужасната, досадна измишљотина наречена сауна.
И стварно, се вариме ко глупи во сауна од каде што испарува сељачизам, неписменост и систематско празнење мозок, скоро и да заборавивме што значи квалитет, повремено не частат со сатира што ти прави незгодно, и тогаш, доаѓа екипа, собрана од Бранко Огњановски, во 7 навечер, на Телма во недела и прави лом. Онака сериозен лом, со хуморот што фалеше, што срамежливо се протнуваше по Твитер и по некои статуси.

Вестите и презентерите, by the way, се поспособни од било кои вести и презентери моментално на телевизија, не лажам.
Како што гледам, се уште ја нема епизодата на Јутјуб, ама затоа ја има најавата:
Вие што имате дигитални телевизии, побарајте си во ТВ-теки. И гледајте да не пропуштите следната недела, затоа што одамна немало нешто вака добро.
Па, од К-15 навака.
Ги има и на Фејсбук, и да си subscribe-нете на Јутјуб.
Чекам нова епизода.