Без разлика дали го сакате центарот на Скопје преку ден (јас сум на два ума), не можете да одречете дека се нуди огромен избор за тоа кај може да се седне за кафе, ручек или благо.
Од човек што јадел, спиел и се будел во Центар, станав човек што го посетува од прилика еднаш месечно, па не е ни чудо што дури пред некој ден го доживеав Гнездо за прв пат, а работи од септември, 2015.
Нормално дека јадев палачинки.
Gnezdo Kitchen Bar е на ул. Македонија, карши Мајка Тереза. Многу е убаво и многу е пуно и модерно. Во време на милион кафичи во Скопје, кога мораш од петни жили да се потрудиш да имаш поинаква понуда, начин на служење и сервирање, нив тоа баш им оди од рака.
Палачинките со нутела, банана и плазма (130 ден.) се вкусни, послужени се на вакви мали, фини даски и ги препорачувам. Да, Нутелата секако врши работа и тоа не е заслуга на ниеден kitchen bar, ама па, тестото е, и во Гнездо им е прилично успешно. На менито видов и палачинки со Нутела и малини, што значи дефинитивно ќе се вратам, за тоа, плус да им го пробам кафето.
Во меѓувреме, одете и пробајте од тоа фините работи во мали метални корпи.
Јана

One thought on “На палачинки во „Гнездо“”