Што да гледате: The Lobster

the lobsterЧудната, да не речам, бизарна, метафорична кинематографија во денешно време зема замав колку и секој трансформер, ајронмен и експлозија, па со оглед на тоа колку сите режисери се трудат да бидат новиот Џим Џармуш (не се знае зошто), почна да станува напорно да гњуриш во мочвара од  „види колку сум многу длабок, најдлабок у свет“ филмови.

Се додека на Фејсбук не начекав препорака за симпатичниот, чудникав The Lobster, филм на режисер зад кој што веќе имало култ, а јас не знаев, и филм кој што размрдува мозочни вијуги, те тера да сфатиш во каков свет живееш, и на крај, филм што малце ќе те загњави.

Краткиот опис за „Јастог“ е дека првата половина ќе ве воодушеви, ќе ви вети јакоча и ќе ве возбуди, за втората половина да мааалку ве разочара и малку да ви се здосади. Па дури и како таков, му се простуваат гревовите заради уникатноста и реализацијата на приказната.

На долго, филмот е меланхоличен и бесчувствителен дури и кога сака да прикаже љубов. На моменти смешно, на моменти потресно (види: долго умирање по рипање од џам), дејствието е во некоја блиска иднина, каде што, пазете, доколку немате партнер, се пријавувате во еден језив хотел и должни сте да се заљубите за 45 дена. Ако не успеете, тогаш менаџментот широкоградо ве претвора во диви ѕверови, како би имале повеќе шанси во таквиот живот да најдете партнер. И сите се океј со тоа.

lobster 1.gif

 

Јасно. Притисокот на модерното општество сите да ги стави во калап, да мораш да имаш партнер, да не те примаат никаде ако немаш, а ако не се вклопуваш – марш во шума.

Меѓутоа, се допира и уште една многу интересна тема, што обично ја начекуваме од понеофицијални извори наспроти едно „општество“, односно, што се случува па ако луѓето те стават во фиока со лепенка „сингл“.

lobster 3lobster 4lobster 5

Можеби е и намерно, меѓутоа мислам дека главниот проблем на овој филм е дека се што ќе те воодушеви во првата половина, бескрупулозно ти го одзема во втората половина.

Да не праам спојлери за понатаму. Филм што дефинитивно заслужил да го гледате и сами да створите мислење за него. Ако сте уморни од Мајкл Беј и едноставни серии (а може и да не сте, ама што па да не смените), дефинитивно гледајте го The Lobster. Сигурно ќе има за што да зборите откако ќе заврши.

Еве трејлер:

До наредниот филм,

Jана

***

Skopje & Me на Фејсбук
Skopje & Me на Твитер

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s