Потребни состојки:
- Глад
- Мрза за готвење
- Желба за брза храна
- Аверзија од миење садови
Ова све се поклопи во саботата. Burger Club e отворено неколку месеци, се наоѓа на Млечен, карши Милениум, и ги нуди вообичаените работи, со тоа што се е супер спакувано во мерачки кутии, и проверено превкусно. Нема превише да филозофирам, затоа што се работи за бургери, салати, помфрити, хотдог, палачинки, а сето тоа е самото по себе мотивација.
Слоганот им е we create smiles, што е многу точно. Трендот моментално, е некако да се убеди човечката природа, генетски настроена кон хедонизам дека треба да се вежба, да се храни здраво, да се пентари по дрва и по карпи и да се вози точак. Тоа не го оспорувам, ама некако, мора да се испазариме повремено да може да се ужива во вакви работи:
Така, во една безидејна сабота во однос на ручек, ви предлагам да проверите дали Burger Club стварно ќе ви create a smile.
Доставата е поделена на три зони, можете да си видите на Фејсбук кај нив како тоа функционира. Работат секој ден, до полноќ 😉
Можете и да го лајкнете Skopje & Me, исто, на пример, ако ве занимаат уште вакви статии.
На пример, статијата за Пекинг Гарден.
Или за Гнездо.
Или, вие кажете кај да јадеме.
Бон апетит 😉
Гадни им се многу и ладни… Треба да се потрудат малку повеќе, бар топли да ги служат и да не ставаат кромид во хамбургерот
Ми се допаѓаМи се допаѓа