Кафич или ко-воркинг?

Овие места одамна не се само за пиење кафе. Позадина се. Алатка за личен бренд. Колку поубав ентериер, толку покорисен за стори. Колку е потивко, толку повеќе личи на канцеларија. И колку е популарно – толку повеќе луѓе доаѓаат да бидат „вработени“ таму. Продолжи со читање Кафич или ко-воркинг?

Како да преживееш лето во Скопје

Летото во Скопје не е само сезона – тоа е искушение на карактер. Температурите качени над 40, асфалт што си ги топи ѓоновите, воздух што го сечеш со нож и по некоја сенка, ама само за гулаби. Ако сакаш да преживееш, а во моментов нема море – ти треба стратегија. Еве ја. ☀️ 1. Ако не мораш, не излегувај после 10. Топлотниот удар не е … Продолжи со читање Како да преживееш лето во Скопје

Дали градот е жив?

Има луѓе што велат дека Скопје никогаш не спие. Има и такви што велат дека одамна заспал и дека само ние, будни од навика, сè уште се преправаме дека тука нешто се случува.Истите луѓе ги среќаваш по настани и сите ја имаат таа чудна мешавина на љубов и замор во очите. Како да велат: Тука сме, ама не знаеме до кога. Има некое чувство, недефинирано, ама … Продолжи со читање Дали градот е жив?

Квадратура на очајот: Зошто становите во Скопје се скапи (и дали ќе престане тоа некогаш)

Стан во Скопје денес чини колку куќа во предградија на европски градови каде што барем не ти дува во автобус. Или само има автобус. За воз ич да не збориме. Цените на становите скокаат веќе неколку години и, ако се чудите зошто, еве кратко резиме на состојбата:Нема логика. Има побарувачка. Ако баш ви се навлегува, еве да видиме со бројки како изгледа тоа: Во 2017, … Продолжи со читање Квадратура на очајот: Зошто становите во Скопје се скапи (и дали ќе престане тоа некогаш)

Што да се прави во ваква топла, скопска пролет?

Пролетта во Скопје има чудна навика – божем ќе те израдува, па во следната секунда веќе те мачи.Не е тоа онаа пролет од слики со црешов цут и свилени марами, туку варијанта каде што во мај веќе почнуваш да ги избегнуваш места без сенка, ги броиш изгорениците од волан, и се расправаш со себе зошто пак си излегол на пладне. Па, што се прави во … Продолжи со читање Што да се прави во ваква топла, скопска пролет?

Најлошата муза

Сте слушнале за dino porn? А за dragon erotica? Ова се само два од многуте WTF книжевни жанрови што искочија последниве години, од пуста желба и посветеност да се биде авангарден и креативен, а помогнати од опцијата за „самоиздавање“ или self-publishing, достапна како една од прекрасните работи што ги нуди интернетот. Долгометражни приказни за луѓе и цели нации со карактеристики позајмени од моќни животни како би биле … Продолжи со читање Најлошата муза

А што не прогуглаш како се вика, де!

Не дека мора сите да го знаеме тој комплициран француски со сите тие екстра букви и шармантен комплициран изговор… Али, зашо вака со претеруење? Него, за да се опоравите од шокот, ајде малце да послушаме музика. На пример, Champs Elysées на Joe Dassin. Продолжи со читање А што не прогуглаш како се вика, де!

Кутијата со фини работи на LOOK FANTASTIC

Subscription Box – претплата на пакет со производи на месечно или годишно ниво. Се добиваат производи кои заедно достигнуваат повисока цена отколку цената на претплатата. Има за козметика, за храна, за миленици и за свашта нешто, и најчесто не испорачуваат до кај нас. Ама јас најдов неколку. Се извинувам што вака дрско ничим изазвана објаснив што е subscription box, знам дека сме македонци и дека … Продолжи со читање Кутијата со фини работи на LOOK FANTASTIC

Кога ќе ти се јави Џон Сноу…

… И ќе ти нарача дрво за огрев, па одма после тоа ќе стане Стјуи од Фемили Гај, па Кристофер Вокен ќе проба да резервира соба. Типов е цар. Уште да го најдам видеото каде што кежуал си чачка у телефон, а некој зад камерата му нарачува невозможни ситуации од типот Гандалф и Голум нарачуваат фаст фуд. Овде Lord Of The Rings и Hobbit и … Продолжи со читање Кога ќе ти се јави Џон Сноу…

Game Of Thrones ликови и ствари на Deviantart

Додека чекам на игли до 9-та епизода, се нафурав и си собрав сликички. Најјаки ми се фешн моментите на женските лиикови кај Frozen Winter Prince, и ве молам запазете со какви детали е нацртано The Eyrie. Продолжи со читање Game Of Thrones ликови и ствари на Deviantart

Скопје на пари

Името на македонската парична единица го предложи МАНУ, а потекнува од античкиот римски денариус. На кои од нив го има Скопје? 100 денари од 1996 (позадина) Локација на денешната тврдина Кале. Најстарата гравура на Скопје од 1594 година. Изработена од холандскиот графичар Јакобус Хаверин. На гравурата се гледаат тогашните Долни град и Виргинската ливада, додека некои извори сметаат дека оваа е слика од спротивната страна … Продолжи со читање Скопје на пари

Омилени ствари 3.

Напраив две многу интересни нарачки во мај, и пукнав да можам за нив да пишувам, ама уште не ми се стигнати. А гарант ќе паѓам у несвест по нив, ама ај да видиме. Во меѓувреме, гледав и пробав еден куп работи, ама некои од нив беа толку рандом, што не стигам ни до 10. Прва работа на список, Jack Daniel’s Honey. Жестоко обично пијам со … Продолжи со читање Омилени ствари 3.

Парижаните на Ана Лубински

Ана е французинка и црта. Барав слики за друга галерија на Tumblr, и случајно налетав на нејзиниот блог, па сфатив дека заслужува посебен пост. Ликчињата што ги црта ги гледа по улиците и метрото на Париз, и замислува што би можеле да бидат и што се по професија. На пример: Еве уште: А вие си правите такви филмчиња? Јас да. Ана на Фејсбук И сајтот. … Продолжи со читање Парижаните на Ана Лубински