Subscription Box – претплата на пакет со производи на месечно или годишно ниво. Се добиваат производи кои заедно достигнуваат повисока цена отколку цената на претплатата. Има за козметика, за храна, за миленици и за свашта нешто, и најчесто не испорачуваат до кај нас. Ама јас најдов неколку.
Се извинувам што вака дрско ничим изазвана објаснив што е subscription box, знам дека сме македонци и дека сме родени научени. Па сепак, пред некоја година се сретнав со оваа работа и се превозбудив кога замислив дека на врата ми доаѓа пакет што сама сум си го поклонила со еден куп убавини внатре, што можам да ги користам и да ги испробувам, што често знаат да коштаат и над 50 евра, а јас за нив би платила околу 15-20. Први што ги најдов беа Glossybox, па откако се изнамуабетивме со ПР-ката од таму, со жалење ме извести дека до Македонија – за жал, а и предвидливо – не праќаат. Истото се случи и со другите најпопуларни компании што се бават со овој бизнис. Додека на крај не наидов на еден блог што ги имаше собрано сите subscription box-ови што испорачуваат насекаде, и меѓу нив Lookfantastic и LipMonthly (али за второто во наредната прилика). И затоа што ќе пукнев како тоа се изгледаше фино и организирано, и посветено на убавина и на feel-good, нарачав.
И воопшто не се разочарав.
Заедно со најновото ELLE списание, во убаво спакувана кутија, внимателно наредени беа органска крема за лице, крема за раце од грејпфрут и коријандер (не сакам коријандер, ама убава е), гел за туширање од бергамот и круша, масло за самопотемнување, ленти за избелување заби, ББ крема со минерали од Мртво море и крем за околу очи. Кога ќе размислам, она што највише ме купи во целава понуда е возбудата да ги отвараш сите овие работи како дете со пакетче, со тоа што можеш раат да се прерадуваш, затоа што очите ќе ти изгледаат помалку уморно. Заедно со ова, уредна брошура каде што е слаткоречиво претставен секој производ и плус уште некои занимливи работи.
Нарачката стигна за околу 20 дена, од Шведска. Изданието им се вика #LFJetsetter. Јас со задоволство почнувам да ги користам овие работи, и ако ги бива, може ќе ги ставам во некои наредни Омилени Ствари. Иначе, не ми беше доста и се закачив за LipMonthly, кутија со производи за уста, што уште не сум ја добила, па не можам да кажам дали се глупости или не, али во секој случај ќе пишам што се десило. Ми беше и многу јако дека на истиов принцип можат да се нарачаат играчки и храна за мачки, бомбони, чоколади и друго благо, вегански пакети, пакети со здрава храна, пакети со чорапи дури, со природна козметика и со скапа декоративна козметика.
Зашто се исплати? Затоа што кремот за околу очи на Caudalie на следната слика, кој јас го добив од 7мл, во рамки на цената на кутијата, на сајтот на Sephora е 99 долари во пакување од 15 милилитри. А reviews има да паднеш у несвест.
Ова е една толку добра работа и ми беше такво задоволство, што сега ќе одберам трета кутија за нарачување, само заради возбудата при отварање и откривање што има внатре.
Пробајте 😉