Најлошата муза

Сте слушнале за dino porn? А за dragon erotica? Ова се само два од многуте WTF книжевни жанрови што искочија последниве години, од пуста желба и посветеност да се биде авангарден и креативен, а помогнати од опцијата за „самоиздавање“ или self-publishing, достапна како една од прекрасните работи што ги нуди интернетот. Долгометражни приказни за луѓе и цели нации со карактеристики позајмени од моќни животни како би биле посекси и поподобни за некое холивудско студио да каже „дај од тоа вукодлакот најјак“, многу брзински напишани варијанти на „50 нијанси сиво“ и многу, најмногу вампири се продаваат упорно по дигиталните книжарници. А на некој на Твитер му текнало дека тоа мора од некаде да искача, и тоа ако постојат музи за сите убавини што ги памти светот, тогаш една мора, МОРА да е одговорна и за Twilight, и за Кристијан Греј, па и за ова подоле:

81MZTAl1BNL
Не е заебанција.

The Worst Muse на Твитер е генијален акаунт што твита идеи што само вакви автори како Кристи Симс можат да ги прифатат (100% псевдоним, пошто, ај оди во супермаркет, сретни се со на татко ти колега и речи му „да бе, јас сум со надарениот птеродактил, хехе“. Дупло незгодно, ем  искача дека ти истражуваш, па пишуваш за џурасик гениталии, ем, што тоа гуглал колегата на татко ти?). И таму, на пример имате совет:

или, „Уште не ти е касно да додадеш вампир“.

Меѓу појаките идеи:

  1. Во право си. На светот СТВАРНО му треба уште еден роман со возрасен професор по англиски и неговата афера со млада, но сексуално созреана студентка.
  2. Конечно, година на избори! Време е да го почнеш тој тешкиот политички роман!
  3. Роковите се за идиоти. ТИ си уметник.
  4. Сигурен си дека се беше јасно во претходното поглавје? Може треба да смислиш дијалог каде што главниот лик ќе објасни се во детали.
  5. Главниот лик направи го народен човек, што значи како тебе, само со подобри шанси за романса.
  6. Ако ликот е од Њујорк, тогаш мора да е манекен/ка или писател/ка, нели?
  7. Види, ако тој отуѓениот родител не станува херој или негативец, боље убиј го уште одма.
  8. Мда. Тоа волците дефинитивно би се спријателиле со главниот лик. Тоа баш звучи како нешто што би го направиле волци.
  9. Лош близнак? Закон!
  10. Како мислиш уште се живи родителите на главниот лик? Све ли јас да ти кажувам?
  11. „Рече“ е многу досаден збор. Боље врати го „ејакулираше“.
  12. Да, квантна физика точно така функционира. Браво.
  13. Главната ти е пресовршена? Можеш да ја направиш преслатко трапава и нонстоп да треба некој да ја спасува.
  14. Светот нема доволно копии на Буковски.
  15. Никогаш не знаеш кој ќе биде последниот тренд, така што поарно стави ги сите можни натприродни суштества за кои што имаш слушнато.

Бонус: Жени и кондури, така?

Е, замислете, од сите музи што ги знаеме, оваа најлошава како најактивна да е. Описот на Твитер („Не, најозбилно, терај. Ќе биде бестселер“) се поклопува со самодовербата и ароганцијата што доаѓа во комбинација со глупоста како феномен. И додека сепак, тешко е да измислиш ново, па се ДОБРО што излегува на пазарот е труд и умешност да се работи со некоја веќе постоечка идеја, сепак, запрашајте се, дали СТВАРНО на светот му е потребен уште еден роман со вампири?

Јана

P.S. Ако баш ве занима, овде можете да видите за што се работи во Taken By The T-REX.

Фејсбук
Твитер
Инстаграм

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s