Напраив две многу интересни нарачки во мај, и пукнав да можам за нив да пишувам, ама уште не ми се стигнати. А гарант ќе паѓам у несвест по нив, ама ај да видиме. Во меѓувреме, гледав и пробав еден куп работи, ама некои од нив беа толку рандом, што не стигам ни до 10.
Прва работа на список, Jack Daniel’s Honey. Жестоко обично пијам со сила, ама ова го пробав на едни гости, кај едни прекрасни луѓе и некако ич не беше со сила 🙂 . Ова е многу добро изводење на Џек Даниелс, особено за луѓе како мене = луѓе што сакаат рум и луѓе што сакаат мед. Румот нема врска искрено, поише го спомнав во контекст на чиста пијачка со изразен вкус, ама медот многу, многу врши работа за уживање тука.
Плус, шише Jack Honey е одличен поклон (бтв, скоро ми беше роденден, чисто како информација) и тоа with a twist, од вообичаениот „шише виски“ поклон.
Второ, кокосово масло од BIO COSMOS, што веројатно не ни бара посебно претставување заради трендот нонстоп, насекаде да читаме колку е најбоље кокосово масло за све. Ви оставам да си изгуглате за што се може да се користи, јас можам да кажам што правам јас. Го ставам во кафе, на лице, на гребаници, го користам како крем за околу очи, во смути, во благо, наместо крем за раце, за нокти, за коса, и што е најважно, Мише го обожава.
Трето, Caviar маска за коса од Kallos Cosmetics. Имам еден класика проблем, косата ми е малце лом, а нејќам да се шишам. Маската случајно ја приметив во супермаркет, со многу симпатична цена (мислам 169 ден.). Не сум ја пробала, ама прво што ми падна на памет беше „подобро купи, отколку ич ништо да не стаиш, ако нејќеш да се шишаш лустер“.
Маската е од-лич-на. Мириса божествено, ја омекнува и ја прави косата авион, и плус има многу занимливи варијанти со кератин, со млечни протеини, со светкаво пакување, со све.
Од причини наведени под „трето“, ми требаше и добар шампон. Фарбата за коса ми е Syoss (до сега најдобра што сум ја пробала), па се фатив и за таков шампон. Највише светкаше овој:
Овој треба да има супермоќи за оправање коса, ама затоа што купив две ствари со супермоќи, не можам со сигурност да кажам што точно ме опоравува. Како и да е, комбинацијата е winning.
Петто, купив еден сладолед за туширање. Немам некоја посебна филозофија, работата на кремот за туширање е да искочиш чист од купатило + да биде фино за кожа, ама на списоков се наоѓа затоа што и ти и купатилото мирисате на овошен десерт после тоа. И тоа со ф’стаци е добро.
Последно на список, филм, Regression, со Emma Watson и Ethan Hawke. Не разбирам зашто овие двајца се секс симболи, секој на својата генерација, ама тоа не ги прави послаби глумци.
Филм со европски вкус, од луѓе што работеле и на The Others, со супер издржана приказна. Може нема да ве тресне од земја, ама сигурно ќе ви задржи внимание. Во рани ’90-ти, кога беше модерно да се мистифицираат сатанистички култови и пред светот да сфати дека се работи за аздис, детектив и психоаналитичар имаат работа со комплициран случај на девојка што тврди дека е злоупотребена, без разлика што татко и не се сеќава. Ова не е невидена работа, со тоа што таткото не се брани, туку вика „ако она така вика, тогаш мора да е така“. Многу внимавано на ’90 детали.
Така, поздрав.
Јана
One thought on “Омилени ствари 3.”