Скопје на пари

Името на македонската парична единица го предложи МАНУ, а потекнува од античкиот римски денариус. На кои од нив го има Скопје?

100 денари од 1996 (позадина)

559879_10151353021872424_169988252_n
Локација на денешната тврдина Кале.

Најстарата гравура на Скопје од 1594 година.
Изработена од холандскиот графичар Јакобус Хаверин. На гравурата се гледаат тогашните Долни град и Виргинската ливада, додека некои извори сметаат дека оваа е слика од спротивната страна и на неа се гледа реката Серава. Се среќаваме со едно од останатите имиња на градот: Scopia. Оваа слика како и самиот локалитет се уште се истражува, но сигурно е дека ова е можеби најбитната точка на идентитетот на Скопје.

50 денари од 1993 (лице)

540791_10151353022007424_68272574_n
Стара Народна банка на Македонија. Плоштад.

Формирана е на 19 октомври 1946 година преку спојување на Македонска стопанска банка со Народна банка – филијала Скопје.
Од почетокот на 1947 г. го носела називот НБ ФНРЈ – Централа за Народна Република Македонија
Сосема уништена во земјотресот од 1963. На нејзина локација, денес има нов објект.

50 денари од 1993 (позадина)

426489_10151353022062424_1556414747_n
Свети Пантелејмон. Горно Нерези.

Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен (1081 – 1118).
На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано фрескосликарство, коешто по своите квалитети со се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата на Комнените.

20 денари од 1993 (лице)

294319_10151353021857424_1074333481_n
Даут-пашин амам. Стара чаршија.

Амамот е изграден во периодот од 1489 до 1497 година, како завештание на тогашниот везир на Румелија, Даут-паша.
Објектот тешко настрадал во пожарот од 1689 година и бил препуштин на постепено пропаѓање. Бил обновен во 1948, кога е пренаменет во уметничка галерија.
Оштетувања претрпел и со земјотресот во 1963, но набргу бил реновиран и оттогаш повторни работи.
Постојат сознанија дека амамот никогаш не бил пуштен во употреба како амам, а како поткрепа за тоа се наведуваат две легенди.

20 денари од 1993 (позадина)

69675_10151353022022424_216892300_n
Саат кула. Битпазар.

Кулата била изградена во периодот од 1566 до 1572 година, а часовникот бил донесен од освоениот унгарски град Сигет. Таа била првата саат-кула на територијата на тогашната империја. Се наоѓа северно од, но во склоп на Султан-муратовата џамија.
Нејзиниот долен ѕидан дел, всушност, е остаток од една од четирите кули во составот на бедемите кои го заштитувале манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“. Во палежот на градот и големиот пожар од 1689 година, кулата претрпела голема штета, но сепак останала во првобитниот облик сè до 1904 година, кога по наредба на валијата Хафиз-паша била преуредена и го добила денешниот облик. За време на земјотресот во 1963 г., на саат-кулата ѝ биле нанесени големи штети и притоа бил изгубен часовниот механизам.

50 денари од 1996 (лице)

1795_10151353021917424_235020040_nСимбол вграден на декоративната штуко арка од црквата Св. Пантелејмон, претстава на фолис емитуван од византискиот император Јустин II, што го наследил Јустинијан I (основачот на Јустинијана Прима) во 565-578 г.
Во монетите на Јустин II карактеристичен е аверс на царска двојка, седната на трон и на реверсот голема буква М, опкружена со помали натписи и монограми.
Денес е логото на Народната банка на РМ.

Skopje & Me

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s