Оливера Николова за Скопје

Александра Бубевска за Окно разговара со Оливера Николова за Скопје денес, Скопје тогаш и земјотресот. Емотивно интервју што, колку што потресува, толку и магнетски привлекува поради умешноста на Оливера да раскажува.

Како приказна.

Скопје претрпе промени што го обезличија, што го оддалечија од неговите жители. Оние кои сметаат дека не е страшно да се живее во вакво обезличено Скопје, се луѓе со изгубена волја, апатични и без барања, и од себе, и од другите. Таквите луѓе можат сегде да живеат…

Како се сеќавате на скопскиот земјотрес во1963 година?

Оливера Николова: Избегнував да се сеќавам на земјотресот, долго потоа, бидејќи сликите што ги видов го парализираа моето нормално однесување и активност. Пред силите на природата коишто нѐ напаѓаат ненајавено и предизвикуваат фатален впечаток, човекот има други механизми на одбрана, но тие механизми се пред сѐ на човек што проживеал доста, видел доста, се помирил со доста, и, во некоја смисла се презаситил од можностите на животот, но врз кои тој има само илузорно влијание. Јас уште ја немав таа ментална потпора во тие години. Бев стравотно сигурна во непроменливоста на моите планови, а особено сигурна во контролата што сум во моќ да ја имам врз сѐ што преземам. Обележје на младост и неискуство, се разбира, но и на онаа благословена творечка сила којашто не признава пречки.

Денес, од голема временска дистанца, земјотресот во Скопје можам да го гледам, да го слушам и анализирам, да го чувствувам, токму како секој друг составен дел на животот. Обновувам слики кои можам да ги раскажувам на други, не само во тишината на моите сеќавања. Мојот син тогаш имаше неполна година и како немирно бебе веќе почнавме да го прихрануваме со кравјо млеко кое, според претходен договор, рано в зори ни го донесуваа во шишиња студенти од Студентската организација: го оставаа пред врата на една куќа спроти зградата на тогашното Радио-Скопје, на улица Марксова. Ние живеевме над ридот на Државната болница, во тукушто изградена барака, една од првите во Скопје изградени пред земјотресот, од една босанска фирма. Рано утрото, бидејќи бебето плачеше, јас бев сосем расонета, но погледнувајќи низ нискиот прозорец, забележав цела серија купчиња земја коишто вознемирено ги правеше некој крт, и тоа уништувајќи ја младата трева која штотуку ја бевме посадиле со мојот сопруг Цане Андреевски. Вџашена, почнав да го будам и него, терајќи го да земе мотика и да се пресмета со „безобразниот“ крт што се „осмелил“ тоа да го прави. Ни на крај на умот не ни паѓаше дека тој всушност нѐ предупредува на блиската опасност…

Продолжете на Окно.мк

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s