Кафич или ко-воркинг?

Овие места одамна не се само за пиење кафе. Позадина се. Алатка за личен бренд. Колку поубав ентериер, толку покорисен за стори. Колку е потивко, толку повеќе личи на канцеларија. И колку е популарно – толку повеќе луѓе доаѓаат да бидат „вработени“ таму. Продолжи со читање Кафич или ко-воркинг?

Како да преживееш лето во Скопје

Летото во Скопје не е само сезона – тоа е искушение на карактер. Температурите качени над 40, асфалт што си ги топи ѓоновите, воздух што го сечеш со нож и по некоја сенка, ама само за гулаби. Ако сакаш да преживееш, а во моментов нема море – ти треба стратегија. Еве ја. ☀️ 1. Ако не мораш, не излегувај после 10. Топлотниот удар не е … Продолжи со читање Како да преживееш лето во Скопје

Што да се прави во ваква топла, скопска пролет?

Пролетта во Скопје има чудна навика – божем ќе те израдува, па во следната секунда веќе те мачи.Не е тоа онаа пролет од слики со црешов цут и свилени марами, туку варијанта каде што во мај веќе почнуваш да ги избегнуваш места без сенка, ги броиш изгорениците од волан, и се расправаш со себе зошто пак си излегол на пладне. Па, што се прави во … Продолжи со читање Што да се прави во ваква топла, скопска пролет?

Земјотресот во „Зелениот дворец“ од Сибо, читано од Рубенс Муратовски

Извадокот е од 22-та глава од книгата „Зелениот дворец“ од Сибо, добитник на „Пегаз“ за 2022 година. Книга која не те остава на раат. И меѓу другото, бидејќи е книга за Скопје, се сеќава на урнатините и на луѓето под нив. И луѓето што останаа. На крајот од текстот има аудио-читање од Рубенс Муратовски. Во сеќавање. “Излезе надвор и сфати дека звукот што ја вознемири … Продолжи со читање Земјотресот во „Зелениот дворец“ од Сибо, читано од Рубенс Муратовски

Насмевни се, не бери гајле

„Скопје прави падни – стани, има девет лути рани“. Ова се стиховите што ме натераа да изразам поштовање на ова негово дело. Продолжи со читање Насмевни се, не бери гајле

Дневна доза скопски минимализам

Бојана Бесова ја знам само од Фејсбук, и ништо не знам за неа, освен дека е графички дизајнер. На хоум ми залута еден нејзин финтаџиски дизајн што ме воодушеви, ваков: и ја побарав да видам што има друго. Има многу друго, многу осет за естетика и можете да и го видите Инстаграмот за да се уверите. Јас ќе ве оставам со неколку нејзини минималистички фотографии од … Продолжи со читање Дневна доза скопски минимализам

Градот што веќе не е мој – Јовица Ивановски

Тешко излегувам од дома за настан, ако не сум спремна ден унапред, ама на промоцијата на Јовица Ивановски за „Градот што веќе не е мој“ дознав вчера, кога и беше закажана, па некако не ми беше проблем одма да се одлучам. Со другар, со кој долго немав прилика да поуживам во дешавка како што му доликува на Скопје, се договорив и правец МКЦ. Беше мирно, … Продолжи со читање Градот што веќе не е мој – Јовица Ивановски

Уште еден Skopje Timelapse <3

…овој пат на Дарко Рајчин, со се што треба за потсетување дека и покрај се, ова си е наш и прекрасен град. Од изгрејсонце до зајдисонце, Скопје е тоа што живее околу нас, додека ние се брзаме да се натпаметуваме, да заработуваме и да мислиме на позелената трева од другата страна. А некогаш, се што треба е човек да си одбере кров од зграда, да … Продолжи со читање Уште еден Skopje Timelapse ❤

Список на сите пунктови за донации + што треба + сите начини за донирање

Документот каде што можете да видите каде има пунктови, кој до колку работи и кој вид на донација е потребен можете да го најдете ОВДЕ. Go Fund Me е сајт за собирање донации за било која цел од целиот свет. За поплавите можете да донирате на ОВОЈ ЛИНК. Групата на Фејсбук за помош на настраданите, каде што можете да добиете информации од прва рака, адреси, … Продолжи со читање Список на сите пунктови за донации + што треба + сите начини за донирање