Дали градот е жив?

Има луѓе што велат дека Скопје никогаш не спие. Има и такви што велат дека одамна заспал и дека само ние, будни од навика, сè уште се преправаме дека тука нешто се случува.Истите луѓе ги среќаваш по настани и сите ја имаат таа чудна мешавина на љубов и замор во очите. Како да велат: Тука сме, ама не знаеме до кога. Има некое чувство, недефинирано, ама … Продолжи со читање Дали градот е жив?

Квадратура на очајот: Зошто становите во Скопје се скапи (и дали ќе престане тоа некогаш)

Стан во Скопје денес чини колку куќа во предградија на европски градови каде што барем не ти дува во автобус. Или само има автобус. За воз ич да не збориме. Цените на становите скокаат веќе неколку години и, ако се чудите зошто, еве кратко резиме на состојбата:Нема логика. Има побарувачка. Ако баш ви се навлегува, еве да видиме со бројки како изгледа тоа: Во 2017, … Продолжи со читање Квадратура на очајот: Зошто становите во Скопје се скапи (и дали ќе престане тоа некогаш)

Што да се прави во ваква топла, скопска пролет?

Пролетта во Скопје има чудна навика – божем ќе те израдува, па во следната секунда веќе те мачи.Не е тоа онаа пролет од слики со црешов цут и свилени марами, туку варијанта каде што во мај веќе почнуваш да ги избегнуваш места без сенка, ги броиш изгорениците од волан, и се расправаш со себе зошто пак си излегол на пладне. Па, што се прави во … Продолжи со читање Што да се прави во ваква топла, скопска пролет?

Насмевни се, не бери гајле

„Скопје прави падни – стани, има девет лути рани“. Ова се стиховите што ме натераа да изразам поштовање на ова негово дело. Продолжи со читање Насмевни се, не бери гајле

Омилени ствари 1.

Март помина многу добро. Го почнав Skopje & Me, отидов во Париз, успеав да завршам еден куп ствари таму, да се запознаам со Forever 21 и да се заљубам на прв поглед како на времето со H&M во Лондон. И да го купам ова <3. Почнувам од денес да пишувам за Омилени ствари (некад за последниот месец, некад за подолго), не од што луѓето богзнае колку … Продолжи со читање Омилени ствари 1.

Скопска љубовна приказна за со неделно кафе

По еден стих за секоја фотографија. Го сакам Скопје поради Водно I love Skopje because of Vodno и малите работи скриени во големите And the little things, hidden among the big ones купиштата бетон the piles of concrete а ги има многу and there are many а покрај нив, сепак се гледаат облаците and yet the clouds can be seen behind them Затоа што врие … Продолжи со читање Скопска љубовна приказна за со неделно кафе

За искуството со Airbnb, зошто е паметно и како тоа функционира

Дали и вас собирањето впечатоци од последното патување ви вклучува и оставање на распакуваните ствари по куќа додека не летнат сами по плакари? Додека чекам да испере машината, сфаќам дека иако јас мислам дека сите знаат што значи Airbnb, сепак неколку луѓе , кога објаснував како сум се сместила, ми рекоа “а шо тоа?” Плус, ако сакаш да дознаеш “шо тоа”, идеш на интернет, ама … Продолжи со читање За искуството со Airbnb, зошто е паметно и како тоа функционира

10 работи што ќе ги видите во #Скопје денес

  1. Секој втор што ќе го сретнете, еве иде до УЈП, у пичку матер. 2. Кафичите се пуни у работно време, кафе се пие со позајмени пари. 3. Пред контејнер во кој некој бара нешто за јадење, непрописно е паркиран џип од 80.000 евра. 4. Од една страна на плоштад, луѓето гордо гледаат нагоре. Од друга страна, ц’цкаат и вртат глава. 5. На семафор … Продолжи со читање 10 работи што ќе ги видите во #Скопје денес