Дали и вас собирањето впечатоци од последното патување ви вклучува и оставање на распакуваните ствари по куќа додека не летнат сами по плакари?
Додека чекам да испере машината, сфаќам дека иако јас мислам дека сите знаат што значи Airbnb, сепак неколку луѓе , кога објаснував како сум се сместила, ми рекоа “а шо тоа?” Плус, ако сакаш да дознаеш “шо тоа”, идеш на интернет, ама македонскиот интернет простор не нуди људска информација на мајчин јазик (како и за многу други работи, но добро).
Значи вака. Airbnb е ултра-популарна мрежа за приватен смештај низ цел свет. Има од куќа во предградие на Париз со 17 купатила, до шатор на планина во Канада. За Halloween имаше и спиење во катакомби за 9 евра.
Принципот: човек издава стан, куќа, соба, ходник, вие си бирате цена според буџет, внесувате датуми, гледате дали е слободно, читате што рекле другите гости за местото, бендисувате, плаќате со картичка и смештајот ви е обезбеден. И најчесто многу поевтин од хотелско сместување.
Можете да се регистрирате преку Фејсбук, или со мејл. И затоа што на Airbnb не му се исплати да држи лажговци и лопови, ќе ви побара да му докажете дека сте нормални. Ќе ви побара со вашиот профил да врзете мејл, Фејсбук профил, телефонски број, лична карта (не мора сите ствари одеднаш) и доброто е што истото го прави и со тие што издаваат. Така ги чува своите корисници од опасност од било кој вид.
Кога разгледувате понуди, би било фино да разгледате и дали некој напишал нешто за нив. На пример, „одлична локација, чисто, но сопственикот беше малце сељак“, или „сопственикот беше многу услужлив, ама купатилото имаше 20 кила мувла“, или „прекрасен стан, газдата ни остави доручек ама од прилика пола саат пешки до метро“.
Од искуство, кога си негде на шетање – едвај се прибираш дома, ама па негде мораш да спиеш. Од тие причини обавезно гледам ѕвездичките за хигиена да бидат сите 5, евентуално 4, затоа што може некој бил болна педантерија. Второ битно ви е локација, а другите работи мање-више.
Е сега, последниов пат, немав многу избор затоа што касно почнав да барам, па решив да ризикувам со едно студио без reviews. Слатко беше студиото, ама газдарицата прво ја барав три дена да ми одговори, а кога стигнав таму, сфатив дека се работи за тип на особа што рачуна дека ИСЧИСТЕНО значи поминато со џогер. А никако не значи испрани крпи во кујна, избришано под радијатор и непоцрнети ѕидни плочки. И сеа, не дека другото не беше чисто, ама пусто ти иде да фрлиш прво врела вода врз садовите, па после да праиш муабет за јадење, пошто, шо знаеш… Нејсе, проводот беше топ, а постелнината чиста, па преживеав.
Друго јако е дека можете да поканите пријатели да регистрираат профил и да патуваат преку вас. Ова не е никаква пирамидална идиотштина, него на Airbnb му се исплати да се шири муабетот, па така кога ќе направиш профил и ќе поканиш пријател преку мејл, или Фејсбук, пријателот добива 31 евро попуст на првото патување. А кога стварно ќе резервира и ќе му заврши патувањето, и тој што го поканил добива31 евро.
Што значи, клик и ве частам сите 31 евро за смештај 🙂
Уште ако успеете да поканите некој што ќе регистрира профил преку вас и ќе ИЗДАВА, наместо да оди по гости, добивате многу повеќе кредити.
Сликовито: Каните 15 пријатели. Од нив, 10 прават профил. Од нив 5 души стварно уплаќаат смештај. Им завршува патувањето.
Вие добивате 31х5 евра кредити.
Тоа се 155 евра кредит.
Ако вашето следно патување кошта вкупно 200 евра, ќе платите само 45.
Толку.

Понатаму, кога ќе внесете датуми и град, бирате и други ствари. На пример, дали сакате цел стан само за вас, дали сакате само посебна соба, или да делите соба со повеќе луѓе. Убаво разгледувајте, затоа што некогаш соба во нечиј стан кошта и поскапо од цел еднособен стан мааалку подалеку од центар. А некад и во центар. Потоа бирате што сакате да има обавезно: пешкири, доручек, да се пуши, да примаат миленичиња, да има паркинг, па сакам и фен, и закачалки, а може ќе ми затреба и вратар. Местите до колку највише пари смее да кошта и search.
Супер работа е тоа што иако често луѓето пишуваат коментари секој на свој јазик, сајтот има копче за автоматски превод на се што е пред вас.

И тоа е тоа. Можеби се изнапишав за нешто што на многу од вас им е совршено јасно, али атер за „шо тоа Airbnb” прашањата, се надевам дека постов ќе помогне следниот пат кога некој ќе патува.
Имам еден пост на англиски за искуството со Airbnb со едно станче во Париз, овде.
Ако некој сака да потпраша нешто, не ми е тешко да објаснувам: skopjeandme@gmail.com
Среќен пат, а ако некој сака да сподели искуство, нека повели во коментари 😉
Update: Постот е сменет, затоа што Airbnb сега со канење пријатели поклонува 31 евро, а не 18 како во претходната верзија на текстов.
Кaкo извидник, честo пaтувaм. Oд смештaј вo Битoлa пoсле дoлг хaјк, пa се дo смештaј вo Oслo, aирбнб е прaвa ствaр. Вo Мкд не тoлку, aмa вo еврoпa кoгa ќе гo искoнтaктирaм гaздaтa и ќе му кaжaм декa сум извидник, честo пaти ми јa спуштaaт ценaтa. Секoгaш бaрaм смештaј дo 20 еврa и вo aирбнб дoбивaш мнoгу пoвеќе негo oбичен хoстел кaде делиш сoбa сo уште 7 млaдичи (не декa хoстелoт е лoшa ствaр, нaпрoтив).
Ми се допаѓаLiked by 1 person
супер се и хостелите по европа, одамна не се ќумези, него слатки места со доручек и пријатни луѓе. али ова ми се свиѓа дека имаш раат и приватност како дома 🙂
Ми се допаѓаМи се допаѓа
Веќе 4 години и по ред патувам исклучиво користејќи аирбнб сместување. Има избор, избор, избор… Толку ми се допаѓа што самата станав хоуст, хоустинг пипл од цел свет…
За жал Македонциве не важат баш за информирана нација, и многу често и јас го слушам прашањето: шо е тоа аирбнб.
И не ми се верува дека во 21 век има луѓе што бараат сместување преку агенција…
ЦЦЦ… Ќе те сметаат во некој ужас по изгор цена. Вака ја си бирам што сакам и стварно е де бест уеј ту травел !!! I ❤ Airbnb
Ми се допаѓаLiked by 1 person