Градот што веќе не е мој – Јовица Ивановски

Тешко излегувам од дома за настан, ако не сум спремна ден унапред, ама на промоцијата на Јовица Ивановски за „Градот што веќе не е мој“ дознав вчера, кога и беше закажана, па некако не ми беше проблем одма да се одлучам. Со другар, со кој долго немав прилика да поуживам во дешавка како што му доликува на Скопје, се договорив и правец МКЦ.

Беше мирно, едноставно, многу занимливо и неоптеретено со глупости, како и самата поезија на Јовица. Книгата ја претставуваа луѓе кои совршено го разбираат авторот. Од самиот Емил Рубен ја слушнав наежувачката „Горд татко“. Подоле, сликички од поезија, специјално избрана. Книгата е на Темплум, едиција: Градот.

14409105_10157487000530554_1914825354_n14409292_10157487000525554_1000320685_n14442600_10157487000545554_33995392_n

14442662_10157487007905554_1091957743_n14458904_10157487008025554_2144823071_n14442683_10157487000535554_431663201_n

На Skopje&Me на Фејсбук имате видео од Јовица, како чита уште една песна за Скопје, што сосема одговара во оваа збирка, ама нема да ја најдете.

 

Злото се победува со убаво.

Коментирај