Кафич или ко-воркинг?

Овие места одамна не се само за пиење кафе. Позадина се. Алатка за личен бренд. Колку поубав ентериер, толку покорисен за стори. Колку е потивко, толку повеќе личи на канцеларија. И колку е популарно – толку повеќе луѓе доаѓаат да бидат „вработени“ таму. Продолжи со читање Кафич или ко-воркинг?

Што да се прави во ваква топла, скопска пролет?

Пролетта во Скопје има чудна навика – божем ќе те израдува, па во следната секунда веќе те мачи.Не е тоа онаа пролет од слики со црешов цут и свилени марами, туку варијанта каде што во мај веќе почнуваш да ги избегнуваш места без сенка, ги броиш изгорениците од волан, и се расправаш со себе зошто пак си излегол на пладне. Па, што се прави во … Продолжи со читање Што да се прави во ваква топла, скопска пролет?

Земјотресот во „Зелениот дворец“ од Сибо, читано од Рубенс Муратовски

Извадокот е од 22-та глава од книгата „Зелениот дворец“ од Сибо, добитник на „Пегаз“ за 2022 година. Книга која не те остава на раат. И меѓу другото, бидејќи е книга за Скопје, се сеќава на урнатините и на луѓето под нив. И луѓето што останаа. На крајот од текстот има аудио-читање од Рубенс Муратовски. Во сеќавање. “Излезе надвор и сфати дека звукот што ја вознемири … Продолжи со читање Земјотресот во „Зелениот дворец“ од Сибо, читано од Рубенс Муратовски

Насмевни се, не бери гајле

„Скопје прави падни – стани, има девет лути рани“. Ова се стиховите што ме натераа да изразам поштовање на ова негово дело. Продолжи со читање Насмевни се, не бери гајле

Скопје и Бојана

Лонг тајм ноу си, драги луѓе. Толку многу пишувам на различни места, што не ми остануваат зборови за тука. Или така мислев, веројатно ми фалело инспирација. Која бтв, си дојде во форма на фотографиите на една Бојана, или MissChievous, или домаќинката на блогот Dreams, Romance, Excess. Деновиве гледам се врткаат едни те исти фотографии од Скопје, стари, носталгични, преубави. Би сакала да ги споделам, ама во … Продолжи со читање Скопје и Бојана

Галерија: Скопје на Фарук Шеху

  Фарук Шеху го имате на Фејсбук и да можете да најдете некои од најубавите скопски фотографии. Обавезно да се разгледа: Old Bazaar by Faruk Shehu skopjeandme.com на Фејсбук тука и тука. Фала Фарук 🙂   Продолжи со читање Галерија: Скопје на Фарук Шеху