Дислексија? Ништо страшно!

Редно беше да се појават умни луѓе и на „страшниот’ збор ДИСЛЕКСИЈА да одмавнат со рака и да кажат дека тоа може да биде и добро. Всушност, како што можеби ви е веќе познато (а ако не ви е, еве како ќе ви стане), во Македонија има Здружение за дислексија, се вика „Ајнштајн“ (да, и Ајнштајн имал дислексија), а разговараме со Дамјан Николовски, кој беше супер фин да ни објасни за што се работи. Нивниот шармантен слоган „Јас имам дислексија, ништо страшно“ освојува на Фејсбук, а нивниот начин на работа е отворен и достапен на ниво на светски организации. Продолжи со читање Дислексија? Ништо страшно!