Македонски филм со награда: Dark Hours: A Tale Of Noir

Да влезе у записник дека би сакала ова да беше рецензија, ама реално, врска немам кој и што е филмот, освен тоа што го прочитав на 2-3 сајта. Ќе биде. Нејсе, пошто имаме еден тон култура, најкултурна една земја сме, уметност слободно тече по улици (не како во други некои земји што си ја кочат уметноста на сметка на кич, шунд и гомна, пу пу), … Продолжи со читање Македонски филм со награда: Dark Hours: A Tale Of Noir

Што да гледате: Perfetti Sconosciuti

Некад ги сакаш луѓето зашо ти се роднини и се генерално фини, некад зашо сам си ги избрал и си створил убав однос со нив, а Ина ја сакаш зашо меѓу другото за сакање, ти праќа линк од филмот Perfetti Sconosciuti (Perfect Strangers) и ќути. Прочитав краток опис, одма симнав, одма изгледав, паднав у несвест. Филмот е прејак. Ќе го рипнам елаборатот за тоа зашто … Продолжи со читање Што да гледате: Perfetti Sconosciuti

Телевизија од пред 20-30 години

Барајќи еден цртан од детство (со секоја епизода со по една бубачка, со една многу интересна музика на шпицата, ако го најде некој – да каже, зашо не ми текнува како се викаше), налетав на каналот на ТВ РЕТРО на Јутјуб, што постои неколку години. Се занесов внатре до тој степен, што на крај ја изгледав 4та епизода од „Чудовишта во нашиот град“, пропратено со … Продолжи со читање Телевизија од пред 20-30 години

Омилени ствари 3.

Напраив две многу интересни нарачки во мај, и пукнав да можам за нив да пишувам, ама уште не ми се стигнати. А гарант ќе паѓам у несвест по нив, ама ај да видиме. Во меѓувреме, гледав и пробав еден куп работи, ама некои од нив беа толку рандом, што не стигам ни до 10. Прва работа на список, Jack Daniel’s Honey. Жестоко обично пијам со … Продолжи со читање Омилени ствари 3.

Омилени ствари 2.

Април – симпатичен. Многу ми се засвиѓа идејата да обрнувам повеќе внимание на работите што ги гледам, купувам и пробувам и да одлучувам дали треба да се најдат во Омилени ствари. На пример за некои специјално се спремив, за благо да разочараат, а очекувањата ми беа толку големи, што веќе им имав смислено текст, но добро. Нешто е прастаро, а вратено во употреба, а нешто … Продолжи со читање Омилени ствари 2.

Гледавте Фчерашни новости?

Затоа што јас гледав, и сега тоа ми се омилените вести у свет. Толку се испости македонскава ТВ понуда од  сатира од крајот на К-15 па навака, што мислам дека емисијава освежи како ладен туш после ужасната, досадна измишљотина наречена сауна. И стварно, се вариме ко глупи во сауна од каде што испарува сељачизам, неписменост и систематско празнење мозок, скоро и да заборавивме што значи … Продолжи со читање Гледавте Фчерашни новости?

Што да гледате: The Boy

Со оглед на тоа што последен пат се имам извадено од памет на краток филм на Јутјуб од еден шведски режисер, почнав да губам надеж дека хорор жанрот ќе продолжи со темпото што го почна во средина на 2000-ти, кога почна да пропаѓа slasher-от, се разви мистериозното и надреално страшното, а ширењето на корејски и јапонски хорори на запад остави многу измочани гаќи. Затоа и … Продолжи со читање Што да гледате: The Boy

Што да гледате: The Lobster

Се додека на Фејсбук не начекав препорака за симпатичниот, чудникав The Lobster, филм на режисер зад кој што веќе имало култ, а јас не знаев, и филм кој што размрдува мозочни вијуги, те тера да сфатиш во каков свет живееш, и на крај, филм што малце ќе те загњави. Продолжи со читање Што да гледате: The Lobster