Уште еден Skopje Timelapse <3

…овој пат на Дарко Рајчин, со се што треба за потсетување дека и покрај се, ова си е наш и прекрасен град. Од изгрејсонце до зајдисонце, Скопје е тоа што живее околу нас, додека ние се брзаме да се натпаметуваме, да заработуваме и да мислиме на позелената трева од другата страна. А некогаш, се што треба е човек да си одбере кров од зграда, да … Продолжи со читање Уште еден Skopje Timelapse ❤

Едно од најскопските видеа на интернет

Сите најважни скопски работи (читај: храна) во 2ипол минути. Ќе ви биде криво што завршило видеото, и истовремено ќе се чувствувате како да сте го гледале 24 часа. Затоа што денот е тој, и сите сме имале таков. Секоја чест на екипата. Повелете, 24 Hours Skopje: Продолжи со читање Едно од најскопските видеа на интернет

Гледавте Фчерашни новости?

Затоа што јас гледав, и сега тоа ми се омилените вести у свет. Толку се испости македонскава ТВ понуда од  сатира од крајот на К-15 па навака, што мислам дека емисијава освежи како ладен туш после ужасната, досадна измишљотина наречена сауна. И стварно, се вариме ко глупи во сауна од каде што испарува сељачизам, неписменост и систематско празнење мозок, скоро и да заборавивме што значи … Продолжи со читање Гледавте Фчерашни новости?

Некој да објасни зашто веќе немаме вакви работи

Ајде назад у 90-ти, да се потсетиме на Водени лудории. Штета за квалитетот на снимката, ама ќе послужи за едно патување низ времето 😉 Да се собереме ние милион души што останавме тука и да се потрудиме да си ја вратиме забавната телевизиска програма 🙂   Продолжи со читање Некој да објасни зашто веќе немаме вакви работи

Stay Tripped: Macedonia, видео-патување на Матеус Кановник

Матеус Кановник е 22-годишен кинематограф од Полска. И бил во Македонија на одмор. Поуживајте малку. Mateusz, thank you for this 😉 Stay Tripped: Macedonia from Mateusz Kanownik on Vimeo. Продолжи со читање Stay Tripped: Macedonia, видео-патување на Матеус Кановник

Нина Спирова: Зборувај за Скопје

Ми здодеваш ти со Трафалгар сквер или пак Шанзелизе Со Париз, Малме, Венеција, Рим, или пак Њујорк и Беч. Се фалиш што си бил во Монте Карло, во Лондон чај те честел Елтон Џон си бил од северен до јужен пол го носиш сиот свет во малиот прст. А знаеш ли ти за Охрид и Преспа, за Дојран и Блед за Белград и Ниш, Љубљана … Продолжи со читање Нина Спирова: Зборувај за Скопје

Краток филм: Над Скопје

Приказната во филмот се случува на покрив од една висококатница во Скопје. Млада девојка во состојба на очај и депресија се обидува да си го одземе животот. Во нејзината намера е спречена од ангел, кој задржувајќи ја во прегратката, ја спасува, а со самото тоа и тој станува смртен. Продолжи со читање Краток филм: Над Скопје