Скопјани пишуваат: Салеп

Има уште многу работи околу салепот кои се знаат или не се знаат, зборови и истории, сепак, останува доволен зборот: пијалоците се пијат, и со пишување не се раскажуваат. Продолжи со читање Скопјани пишуваат: Салеп

SKOPJE FF, на Горан Џамбазов

Моментално сме побогати за уште едно скопско видео, единствено од овој тип во оваа резолуција. Авторот, Горан Џамбазов сакал да го претстави Скопје на еден поинаков начин пред неговите жители и сите што го посетуваат. Нас ни останува да се воодушевуваме на нашиот град во наредните пет минути, а на авторот ќе му кажеме – секоја чест. Продолжи со читање SKOPJE FF, на Горан Џамбазов

Скопски феномени: Симит погача

Тие што не знаат што е симит-погача не треба да се чувствуваат навредени. Тие не се сељаци. Може да се задоцнети градски деца, може да живееле во други градови, а можеби имаат и друго алиби. Но, во секој случај, не се скопјани. Можеби вака не би требало да почнува ниту еден текст за нешта што се јадат. Вакви, како од манифест извадени зборови со апологетски … Продолжи со читање Скопски феномени: Симит погача

Вејка на ветрот – претстава што ја оправда мојата доверба во младиот и независен театар

Скопје има независен театар. Ете, до толку е метропола. И сите огорчени коментари дека „имаме уште многу фурни леб за јадење“ до концептот на главен град, паѓаат во вода кога се работи за театарската сцена, не само со институциите на кои сме навикнати, туку и со нови, свежи појави кои докажуваат дека квалитетот не е резервиран само за имињата кои ги гледаме, читаме и слушаме … Продолжи со читање Вејка на ветрот – претстава што ја оправда мојата доверба во младиот и независен театар

Скопје на Твитер #1

Центарот на Скопје ти е права зоолошка градина… — Бекутан. Ластик (@tronovno) December 20, 2015 -Мирисаш на чад ! -Од Скопје сум :S #Скопје — Dreamcrusher (@makedonyafatih) December 15, 2015 Магла ли е, смог ли е? #Скопје — Њемо (@monkey_nj) December 6, 2015 Да не сум покусо и јас. #СподелиНебоСоЈасна #Скопје pic.twitter.com/sXsQjq4RzI — #PeterSkywalker (@masterofchanges) December 1, 2015 #ДоброУтро #Аеродром #НеСеДише #Скопје #Aerodrom #Skopje @OpstinaAerodrom … Продолжи со читање Скопје на Твитер #1

Дислексија? Ништо страшно!

Редно беше да се појават умни луѓе и на „страшниот’ збор ДИСЛЕКСИЈА да одмавнат со рака и да кажат дека тоа може да биде и добро. Всушност, како што можеби ви е веќе познато (а ако не ви е, еве како ќе ви стане), во Македонија има Здружение за дислексија, се вика „Ајнштајн“ (да, и Ајнштајн имал дислексија), а разговараме со Дамјан Николовски, кој беше супер фин да ни објасни за што се работи. Нивниот шармантен слоган „Јас имам дислексија, ништо страшно“ освојува на Фејсбук, а нивниот начин на работа е отворен и достапен на ниво на светски организации. Продолжи со читање Дислексија? Ништо страшно!