‘Доста јадете г***на за „смартфон генерација“, затоа што врска немате што зборите’

Ова е преводот, на кратко. А на долго:

Позајмено од пост на Writing About Writing:

„Жими се, ако видам уште едно претенциозно уметничко дело за тоа како користење на Ајфон значи дека генерацијата ни станува полна со асоцијални зомбија, ќе вриштам. Што си мислат луѓето дека е телефонот? Осветлен екран во кој што зјапаш безумно? Смартфонот е неверојатно парче технологија, што ти овозможува да правиш скоро се: да играш игри, да читаш книги, да истражуваш за домашно, да си го организираш распоредот, да сликаш и чекај, најважното – ДА РАЗГОВАРАШ СО БУКВАЛНО БИЛО КОЈ ВО СВЕТОТ, а ти го собира во џеб.

Неговата фундаментална намера е да пропагира комуникација и ова нема граници! Затоа пред да им судите на луѓето во градски превоз што се залепени за телефоните, размислете дека може разговараат со некој од друга земја, или пишуваат порака на нивниот партнер за да кажат дека си идат дома, или твитаат шеги што ќе насмеат луѓе што нема ни да ги запознаат. Можностите на телефонот се огромни и иронијата на споделување на постови што ги осудува на СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ е неверојатна. Доста си го дркате сопственото его и сфатете дека не сте една посебна, интелектуална снегулка со тоа што ги исмевате луѓето што си ги користат телефоните за нивната основна намена.“

smartphone_holder

Ова е една од тие ствари што посакувам јас ја да ја напишев. Затоа луѓе, уживајте во новата технологија, затоа што е прекрасна. И споделете го ова од мобилен.

Ј.

Advertisements

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s