Што да читате: „Крвава Месечина“ на Катерина Шошко

Македонските културни дејци се многу тешки на меинстрим. Некако имам чувство дека важи филозофијата „коа веќе го правам, нека биде нешто врзано со поднебјево, со менталитетов, со глупости“. Како да е меинстримот и поп-от нешто страшно, нешто недоволно вредно и нешто без длабочина и уметничка вредност.

Тежок булшит е тоа, ја да ви кажам.

Затоа бескрајно се радувам на автори што газат храбро во води на кои што нашата публика не е навикната. Затоа се радував на „Исповеди…“. Затоа се радував на Dark Hours.

krvava-mesecinaИ затоа се радувам на Крвава месечина. Затоа што е безвременски, педантно и умешно напишан роман. Затоа што е трилер, а трилерот е жанр од кој што сме малце испостени, ако веќе зборуваме за категорија македонски автори.

Иако се работи за измислени настани, просто е неверојатно колку од нив се совпаѓаат со ситуации кои негде, некогаш сме ги слушнале. Ги гледаме на телевизија. Ги читаме по non-fiction. Повремено ќе чкртате со заби од фрустрација, затоа што сето тоа опишано, за жал постои. А пак е ко да гледаш филм.

Уствари, мислам дека добра книга се опишува со муабетот „ко да гледаш филм“.

Вечер е промоцијата во Винил, од 19.30. Можете да ја нарачате и онлајн тука.

Идам да се бањам, на промоција сум.

Ј.

Advertisements

One thought on “Што да читате: „Крвава Месечина“ на Катерина Шошко

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s