Кај да јадете: Harbor Lounge Bar

Одамна имам налетано на Harbor Lounge Bar на социјални мрежи и се спремав да го проверам со месеци. Не ми е уз пат, затоа што е во Влае, па одлагав, додека не го видов следново на Твитер:

Одма се убрзаа работите. Локална пица што изгледа така уште немам начекано. На македонскиот Black Friday, откако со векови се одглавував од Партизанска, се извозев до Порта Влае (кај кружниот тек, доле ќе пишам адреса) и го најдов.

Местото е тивко и пријатно. Вработените комуникативни и фини (со келнерката откривме дека делиме вкус за бескрајно и претерано многу сребро на раце). Све супер и за фамилијарно седење, и за со дечко, и плус едно маче имаше надвор што веројатно веќе знаеше со какви вкусови се расправа местово 😉

Нарачавме три различни пици, јас наравно Маргарита затоа што мислам дека за да процениш пица треба да почнеш од основата, како што за да процениш кафе треба да почнеш од Еспресо.

Значи, колку беше добро. Колку беше јако да најдеш НОВ рецепт за пица во Скопје. Покасно ни се придружи (мислам дека беше) сопственикот, и низ еден пријатен разговор ни објасни дека мајсторот учел занает во Болоња и дека тоа тесто е својствено за таму, нешто како специфичните разлики што ние ги имаме кај Велешка и Штипска пастрмајлија.

Менито нуди уште тон други работи, цените супер, така што јас ќе морам да се вратам ;). Пошто, види:

13327548_628809867273621_6293752608591273746_n13428509_639149589572982_3085201242108278478_n13892332_661452957342645_6092910109724666578_n13681030_654456258042315_6244523557908334317_n

А вие да одите да си проверите што значи Болоњска пица, во Скопје, топло препорачувам.

Ќе ви треба:

Адреса:
Партизански Одреди бр.153/1
02 306 9777

Harbor Lounge Bar Facebook
Harbor Lounge Bar Twitter

И уживајте.

Јана
skopjeandme

Advertisements

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s