Вечер во „Подрум“, во Буњаковец, Отец Пимен, за кој јас не знаев дека вака си цртка фини работи, ги изложува своите цртежи за воодушевување и продажба. Средствата од продажбата ќе одат за помош на Гоце од Ченто, како што пишува на евентот, а со сигурност можам да ви кажам дека ќе има убави луѓе таму. Изложбата е насловена „Балерините и нивната публика“, а почнува во 20ч.
Пимен вака рече:
Е па драги мои, изгледа ќе го победиме Марфи вечер. После 1 000 000 каснења и ситни проблеми, успеавме со подрумските другари да врамиме и да изложиме 50 цртежи.
Да ми повелите и да ми дојдете вечер 05.10. во Буњаковец во Подрум на изложба. Не поради мене, ами поради хуманитарната акција со која ќе усреќиме барем еден човек на кој му е потребна нашата помош. Присуство задолжително. Дрес код по ваш избор. Јас ќе сум во црно облечен за полесно препознавање.
Ќе го препознаете 😉
И не знам за вас, ама мене ми е ваков:
Јана