У шахта сум, ќе те барам – или како си поминав за поплавата.

(Не паднав у шахта, али добро.)

Џабе се занесувам јас дека живеам во урбана средина, кога при првиот позаебан дожд постои опасност да се УДАВАМ на факинг РАСКРСНИЧЕ на ул. Козле. Не си го откажав ни кафето закажано во мирни услови, мислејќи „де, и гумени чизми имам, и длабок чадор, и све.

flood
И ние вака, само ние имаме поважна историја, погостољубив народ сме, и не има во библијата.

Какви глупости.

На враќање од кафето, гледам дека се спајаат небо и земја, ама Рузвелтова релативно пристојно се држеше, па јас, како од една урбана средина, решавам дека ќе идам кај другарка, милно и пишувам на Вибер под чадорот „сакаш да јадеме нешто?“ и одам да извадам пари од банкомат, пошо, „ќе јадеме нешто.“ Рузвелтова веќе завршува, и почнува ул. Козле, и тука гледам дека ако „јадеме нешто“, тоа сигурно нема да биде со достава, освен ако Доминос немаат глисер, за во вакви ултра средени градови, со бескрајно најјаки градоначалници и лидери во регионот по дијаметар на цевки од канализација. Следуваше stream of thoughts:

1. Да е жив тој што му текна гумени чизми да бидат мода.
2. Ваљда не пропуштиле.
3. Нема шанси да нарачаме за јадење значи.
4. Ваљда тоа е вода што ми се слева по нозе од дождот.
5. Гад ми е.
6. ДО ГЛУЖДОВИ. БЉАК.
7. Поминува кола.
8. КОЛАТА ПРАВИ БРАНОВИ КАКО НА ПЛАЖА. ЗГАД.
9. Колку беше висок тротоарот тука?
10. Ќе пропаднам?
11.

tink
До колена. До колена сум во ѓубре, гомна и кал.

12. Иде нова кола.
13. Ако се сокријм позади дрво нема да ме фати бранот.
14. КАКВИ ГЛУПОСТИ.
15. Нема више тротоар.
16. Ако згазнам у дупка што не ја гледам, ќе запливам више. Ќе бидам до врат у вода.
17. После ова ќе се бањам 10 години.
18. Едвај чекам да влезам на суво.
19.

kuce shok
НАД КОЛЕНА.

20. Уште малце.
21. О, види, они се надвор.

Какво влагање на суво. Они се надвор, затоа што куќата, сосе гаражата почнува од сутерен. Како они, така пола Скопје. Забораваш и гад и чизми и све, и се фаќаш за рандом тенџере да исфрлаш вода било каде, само да не е во гаража, додека дождот, а и колите богами што решиле да пројдат од улицата што се излева во гаража ти вика YOU HAVE NO POWER HERE, GANDALF THE GREY!

bw flood

Саат ипол, во метрополата на лидерот во регионот исфрлавме вода од гаража, додека на Вибер кружеле пораки од луѓе што барале помош и дури и се плашеле за живот.

Какви тешки глупости се тоа.

Од седење во кафич и мирно пиење кафе, можеш да завршиш у шахта. Значи сериозно, вчера газев претпазливо, ама кога ќе ми текне дека можев, фино-лепо да си пропаднам во шахта, И ДА УМРАМ ОД ФАКИНГ ДОЖД, се потресувам и се нервирам.

Него, искочија ли властите на телевизија, загрижено, но храбро и цврсто да кажат дека се справуваме?

Пошо сеа треба ние да истураме кофи со Доместос кај што имаше вчера вода, па да знам, да не пропуштам.

Јана

skopjeandme

*update*
Во невремето загинале 15 души, а 6 се исчезнати, дознав откако го напишав постов. Сочувство до семејствата на жртвите. Не ми се верува до какво дереџе сме во 21-ви век. Во урбана средина. Пишете на CityOfSkopje ако се организира помош за семејствата и санирање штета.

Advertisements

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s