Ќе одам во Париз, плус – како се изглупирав со торбата во Wizz.

Wizz Air е компанија со финти, сфаќам јас, ама изгледа уште е можам да се одвикнам од the old ways. Кога патувам со нив, обавезно одам со рачен багаж, или во Wizz речник „мала кабинска торба“, а чекирам торба за назад затоа што пазарам таму. Џабе ќе носам ствари од тука, кога и онака секогаш ми е мерак да го облечам новото дур сум таму. За назад торбата или ја бирам грижливо и ја купувам, или веќе имам од Скопје спакувано спортска торба што се гмечи и не зафаќа место.

11036724_10155502854100554_3425919271013294785_n

Во Париз одам на 12-ти сега, и откако решив дека нема да ми треба богзнае колкава торба, чекирав „голема кабинска“ за враќање и испланирав да си купам ново куферче. Супер, значи, ем ми е платена големата кабинска, ем и малата ќе ја пунам. Арно ама, убаво си пишува на сајтот (што јас се разбира покасно видов), „имате право на мала кабинска  И Л И  голема кабинска торба“. Не е ова Адриа, па да носите и ташна, и рачен и секакви пички материни со вас. Е, туф. Значи требаше да одам, да купам ствари, да ја остаам малата торба со која што тргнав, и да купам нова поголема и со таа да се вратам. И ова све ради инатот дека се доплаќаат торби? Како тоа преглупо звучи.

Реално, ја го поздравувам ова мавање по џеб, затоа што те учи да не препакуваш. Односно, може ќе ми треба тијара, ама нема да ми требаат 3 пара фармерки на пример. А ќе ги земев, да не требаше да платам 1800 денари за нив, знаејќи дека ќе облечам само едни (или ниедни), а другите се резерва.

На сајтот на Wizz, бај д веј, го има и ова:

kniga sega
BOOK now.

Хаха 😀

Како и да е, напраив upgrade на торбата (уште денес и утре има 33% попуст на чекиран багаж, бтв, ако имате резервација, средете си), па сега можам на раат и завеси да купам, и на мачето десетина кутии колачиња што ги нема во Скопје, можам и глупа вазна, што знам. Супер е човек да има торба.

Ова, се разбира, нема никаква научна вредност, али ваљда на некој ќе му послужи како искуство околу тие комплицирани торби. Толку е раширен проблемот, а и ние најмакедонски толку недосфаќаме, што вчера кога влегов во една продавница за куфери во Сити Мол на приземје и прашав, ми рекоа „За Визер, или…?“

Иначе одам за еден многу убав проект што ќе го приложам накнадно ❤

10399587_10156726494435554_7870498172126014836_n

Au revoir.

Јана

Advertisements

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s