Телевизија од пред 20-30 години

Барајќи еден цртан од детство (со секоја епизода со по една бубачка, со една многу интересна музика на шпицата, ако го најде некој – да каже, зашо не ми текнува како се викаше), налетав на каналот на ТВ РЕТРО на Јутјуб, што постои неколку години. Се занесов внатре до тој степен, што на крај ја изгледав 4та епизода од „Чудовишта во нашиот град“, пропратено со сите напорни коментари од типот „колку убава програма имаше порано“ и „нема више вака“.

bushava
На мојата велелепна возраст од 4-5 години, и беше страшно криво што само за една буква, за „Ј“ примерот ќе беше ЈаНа, а не ЈаМа.

Како и да е, каналов ми делува подзаборавен, а има доста бисери што сигурно ќе ви биде драго да ги повторите. Еден куп Народни приказни, Театарче Лево ќоше, од Мечето Ушко, до Тропска горештина. А ако ептен сакате да се изнервирате од фактот што порано креираа и учествуваа во емисии врвни, ВРВНИ професионалци и се беше издржано од сите аспекти, за разлика од сега, почнете од А, со „Бушава азбука“.

tv skopje

 

Од таму, правец на блогот, каде што има повеќе избор, на пример Умни глави, Микроби, и цели филмови, и од тоа време и понови. На пример, мислам дека вечер ќе гледам „Се плашите ли од темнината“Се разбира, шпицата беше пострашна (и многу јака!) од самите епизоди, а кога си го изглеал „Hellraiser“ на пет години, баш и не е возбудлив детски хорор во 12 на пладне, ама тоа секако не го побива фактот дека ГО ИМАВМЕ во програма.

Блогот и каналот на Јутјуб не знам дали се уште активни, но во секој случај слободно истражете ги, лајкнете ги, и можда ве чека многу симпатичен остаток од неделата.

Поздрав,

Јана

skopjeandme
CityOfSkopje
ТВ Ретро Фејсбук
ТВ Ретро Јутјуб

Advertisements

2 thoughts on “Телевизија од пред 20-30 години

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s