Почнува на 10-ти јуни, завршува на 19-ти, на плоштад Македонија. Ќе има уличен перформанс, баскер точки и музички настапи.
На пример:
Blink Circus – Патувачка уметничка инсталација и е единствена во целиот свет! Патувачко шоу во стилот на 20-тите години и најмала уметничка галерија, која содржи фотографии направени во надреалистички-циркуски стил во минијатура, од страна на уметникот Лоренцо Мастројани. Сите 130 фотографии може да се набљудуваат ексклузивно со лупи и специјални лампи, кои на посетителите ќе им ги даде уметникот, на влезот на маркизата.
Mr. Copini – Она што започнало како жонглерска и магионичарска кариера, се претворило во глума на многу улици и плоштади во светот. Во своето шоу тој меша импровизација и циркуски вештини, без да заборави на хуморот, универзалниот јазик со кој се поврзува со секого, било каде на планетата.
Ome dual – Работи на оригинална и креативна сценска изведба од 1997 година. Учењето на движењето, состојбите, прецизност на телото и внатрешната активност, е јадрото на концептот на сите креации од самиот почеток.
Mr. Bugiganga е уличен уметнички изведувач, презентиран од страна на ликот наречен „латино љубовник“, кој ја заведува публиката со хумор и евтини трикови. Користејќи ги техниките на илузија, кловн, современа мимика, жонглирање, физичка комедија и други бесмислени комичности, овој лик ја манипулира реалноста кога игра со неговите алатки и магични апарати.
Diogo Alvares е бразилски мастер манипулатор, кој ја нарекува Европа свој дом. Неговата изведба е тивка, со музичка позадина. Тој ја придобива публиката едноставно со неговата вештина да манипулира со карти, топки за билијард, цигари, и многу други штосни предмети.
Други:
Uni Pro Show, Willy Wonder, Suad Demirovic, Perfomer Monk, Brostreets, Mui Moi show, Golden Branch, Miyako, Circolya La Follia, Rulas Quetzal, Ventura Moriya Ya-ya, Martin Melinski и многу други.
Ај да идеме.