Понеделникот мора да помине. Ако одиш на работа, тогаш мораш одиш на работа. Ако работата ти е компјутер како мене, и ескивираш, имаш грижа на совест дека е понеделник и сите работат, а не како вчера кога беше недела и си викаше па и да работам, дури утре ќе отвараат луѓето мејлови. Плус, модерно е да се мрази понеделник. А не мора да значи дека треба да е ужасен.
.
Затоа ќе направам список и ќе го споделам со вас.
.
1. Да завршам со мејлови, постови, текстови и книги и да влезам под туш, ама со музика, како за промена. Да ставам се што е за разубавување коса и кожа дур сум таму.
2. Да искочам и да купам камембер, бри, пармезан, ементалер, путер со морска сол и црвено вино, за да рекреирам Париз после напорен ден. Да го ставам тоа на даска, пред телевизор.
3. За да ја надополнам точка 2, да го симнам French Kiss и да се потсетам како трапаво функционираше Мег Рајан во ’90-ти, кога редовно се употребуваше фразата „е добро де, ко на филм“.

4. Да пробам нов рецепт за амерички палачинки, затоа што можеби калориите од стоте вида сирење + вино нема да бидат доволни.
Да инвестирам во јаворов сируп.
…
Да размислам дали да инвестирам во јаворов сируп, пошто кошта колку две Нутели.
5. Да ги разгледам книгите што ги имам, за да добијам идеја што ми се чита следно, затоа што во вторник почнува Саем на книга и нема смисла да се шетам глупа и безидејна. А Психотичен ум ми отвори дизна за уште читање книги од хартија.

.
6. Да пишам нешто и во мојата книга. Пошо, од јануар сум на „еве уште 5000 збора“.
.
Пријатен понеделник, не мора ништо од ова да направите, доволно е само да се решите за кашкавалите и виното и сте завршиле работа.
.
xx