1. Драги Михајловски ја прочита, а ако тоа не ви е доволно, го спореди авторот со Буковски.
2. Нема ниеден стих, ниедно хаику и ниедно цвеќе на сонце, со дожд, во саксија и други литературни еквиваленти на инстаграм-филтри. Што, мислевте дека наши писатели само тоа знаат? Think again. #sorrynotsorry
3. Содржи висок процент на непатетично емотивни мажи и може да користи како утеха за жени што не веруваат во “he’s just not that into you”, туку мислат дека баш нивниот „ги сака, ама ете не може“.
4. Се случува во Скопје и те тера да размислиш што све невидливо носат на грб случајните минувачи околу тебе.
5. Затоа што содржи мудрости од типот „Претпоставките се извор на сите пиздарии“.
6. Затоа што ќе ви биде блиска. Барем еден лик сте имале во друштво, на факултет, на маса во кафич, или по дома.
7. Затоа што е храбро. Ново. Од млад автор. И ете ја, жива е, не е во фиока.
8. Затоа што, ако толку сте запнале за поезија, имате моменти од типот „Поетиката полека се повлекува, а мене ми останува само алитерацијата, активно абејќи ми ги мислите како рапав асфалт што аби мазна гума“. #ВежбиКнижевностFTW
9. Затоа што се чита за еден ден и освежува без разлика што е тешка на моменти.
10. Затоа што авторот не пишува на памет, туку го живее Скопје и луѓето за кои пишува.
Еве го тука, Психотичен ум. Ќе ја има и на саем.
2 thoughts on “10 причини да ја прочитате „Исповеди на еден психотичен ум“”