СКОПЈАНКИТЕ АКО САКААТ ДА СЕ ОМАЖАТ… Wait, WHAT?!

Океј, има тука по интернет едно девојче што напишало нешто за Скопјанки, провинцијалки и мажење. У кратки црти, вика, Скопјанките треба малце да го спуштат носот и, парафразирам, да бидат поприступачни, како колешките „провинцијалки“, ако сакаат да се омажат. Од толку бирање, вели ова мудро створење, на крај само ќе бидете бирани.

tumblr_nmx4co0I2E1tszvzlo1_500
wat.

Ова е све многу смешно и симпатично. Ама не е трол. Сериозно. Не е заебанција. Ако е заебанција, тогаш браво. Ама мислам дека не. Мислам и дека многу луѓе се согласуваат со оваа самопрогласена „Барбика“, како што се потпишала.

large.gifДобро, прво, тотално нема право на потписот „Барбика“. Барби има над 50 години, и пред само неколку години раскина со Кен, за пак да се смири сега скоро. Барби не се омажи. Напротив, моментално во Musée des Arts décoratifs во Париз, има изложба каде што, меѓу другото, се прикажани сите професии на Барби. И Барби не се бавеше со бирање и бивање бирана, Барби стануваше астронаут, пилот, ветеринар, возач на формула, џандарка, учителка, и уште една цела просторија со Барбики од разни професии имаше за да се докаже мојава поента. Така што, девојчето мора да си најде друг псевдоним. Затоа што овој не соодветствува со нејзината идеологија.

Скопјанки, вика, сепак опуштете се малку, главата горе, но носот малку подолу и земајте примери од девојките од провинција, учете од нив и така ќе бидете среќно омажени.

А како прават девојките од провинција? Пошо не постои особа што има агенда за специјално понашање со цел мажење во Скопје, што јас би сакала да ја познавам и да ја прашам. Ама еве, ја прашувам авторката на овој научен труд. Што се прави? Финти им праите?

Читам од почеток, си викам кај и да е ќе го препознаам сарказмот, и го нема. До крајот останувам разочарана како спомнатата Скопјанка на која што никој не и пришол, затоа што сакала скапи коли и частења, нешто таму.

Ако добро разбрав? Скопјанките сакаат скапи коли и частења? Или другите? Стварно не сфатив.

skopje gif (6)Второ, ова девојче (којзнае дали е и девојче, и да не е, еднакво е страшно размислувањето), страшно ги омаловажува сите девојки од провинција што дошле во главниот град за да се дошколуваат, да изградат кариера и да бидат успешни во животот. Успешни, а да не подразбира и мажење. И заради нејзе, и таквите како нејзе и важи таа предрасуда за провинцијалки. Освен, ако текстов го нема напишано сељак од Скопје.

Трето, еве јас ако сакам да се омажам, не ми кажа ни како она ја постигнува таа цел, колку пати ја постигнува, дали оваа студија се базира на лично искуство, кои се чекорите за да се дојде до резултатот и други важни информации.

И четврто, по-ра-зи-тел-но е, кога ќе прочиташ дека се уште проаѓаат вакви текстови и се пуштаат во етер. Разбирам јас да е ова едно лично мислење, па ете го напишала, го издржала со аргументи, со речник и со ниво, па ајде одиме на дебата. НИКАД нема да се согласиме, али молим лепо, ќе се расправаме. Ова, бре. Зашто е мажењето приоритет? Зашто мислите дека било која, и Скопјанка и провинцијалка е скоцкана и дотерана у град за да се омажи? Зашто уопште да се омажи?

Толку многу прашања, а само една небарбика.

11077960_10155398116835554_1959178512204563753_nЗа крај, една порака до особава што бесправно го користи псевдонимот. Барбика не е само шуплива кукла со цицки и долга пластична коса. Куклата Барби е симбол на се што може една жена да постигне. Да изгледа добро, да работи се што ќе посака и да има се што ќе посака. И притоа да може сама. Без да мора да се омажи. ДЕЧКО И на Барби бил секогаш наоколу, фин и уклучен у сите нејзини проекти. Ама Барби тера сама. На кутијата со „Barbie Pilot“ не пишува „се паѓа куфер, штикли и венчаница од матично“.

Ама ова може да е премногу тешко за одредени особи.

Јана
facebook_circle_black-128 instagram-4-xxl twitter_circle_black-512

Skopje & Me
facebook_circle_black-128  twitter_circle_black-512

Skopje Boutique
facebook_circle_black-128

Advertisements

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s