Ако пред да излезат првите фотографии сте се фатиле како кукате дека 5/5s е најдобриот дизајн и ви се закануваше запаление на дланки од големината на 6-ките, тогаш за вас, како и за мене, најверојатно да.
Кога излегоа првите трачеви дека iPhone-от ќе се зголемува, со братучед ми ги гушкавме нашите 5ки, свесни дека кога-тогаш ќе мораме да ги замениме со некое почудовишно издание и со две раце потпишувавме дека 5ката е најдобриот дизајн што Apple можел да го извади. Имајќи на ум дека „така секоаш зборам, па секоаш ми се свиѓа поновиот“, кога се појавија 6-ките, стварно отидов да ги поманијачам.
Значи, да се разбереме, iPhone 6/6s е прекрасен телефон. И дизајн, и перформанси и све. Убав е, како што само iPhone може да биде, работи совршено, буквално на се што ќе ти затреба, он ти вика „иам“. Ама, за волја на вистината, 6/6s е голем телефон, далеку од совршените милиметри за у џеб и рака на 5-ките, и Apple тоа го знае.
Затоа и најновиот не е продолжување на 6-ките со минимални подобрувања, туку е iPhone SE.
Некои тврдат дека iPhone SE е враќање назад и тотално не им е јасно зашто Apple пак се изживљава со своите слепо посветени корисници. Па сепак, тргнувајќи од мојата посветеност на брендот, а и на дизајнот на 5ката + желбата за понапреден телефон, работите стојат вака.
iPhone SE го задржува компактниот и не за џабе толку фален дизајн на 5-ките (џеб, рака, навика…), притоа вклучувајќи скоро се од добрите ствари што ги нуди 6-ката.
Од најнебитните ствари, а и за разлика од 5/5s, ги има боите што ги нуди 6/6s. Што значи ако се напнавте за rose gold, го имате и тука. Јас ќе се држам до црно, евентуално со можност за размислување за silver. А од очигледните, екранот е нели, помал, односно, 4 инчи наспроти 4,7.
Од вградена меморија, SE има опции за 16 и 64 гига, со безобразното исклучување на опцијата за 32, исто како кај 6-ката, додека 6s нуди и 128. Со оглед на тоа што јас супер се снаоѓам и со моменталниве 16, тотално не ме интересира 128. Малце скар дека нема 32, ама па што ако скар. Да не ќе се враќам на Андроид?
Процесорот (тоа внатре што кажуе до кој степен на совршенство ќе работи) е како на 6s, исто и рамот, во превод: ќе работи подобро од обична 6-ка. А гледам дека од стварите што ги нема, ја нема таа 3D touch опција чија што употреба никогаш не успеав да ја сфатам, и предната камера е како на 5-ките. Задната камера е еднаква на 6s и подобра од 6.
Да не загњавувам премногу со детали што не сите ги разбираат, слободно можете да одите да ги споредите сите најнови модели тука.
А заклучокот е едноставен, се добива скоро целата најнова технологија од последниот модел, со дизајн што и Apple знае дека им беше најдобар до сега. Нормално, факт е дека поголемиот екран на 6-ките е супер за многу луѓе, и факт е дека не се случило до сега да промашат со дизајн. Па сепак, за љубителите на екран постои 6 plus, и затоа не го ни рачунам тука. На крај краева, затоа на располагање стои и iPad mini и се качува до iPad Pro.
И се разбира, последната симпатична информација. Кај ми се свиѓа последново решение, па уште и почетна цена му е $400.
На 6s му е $650, колку за споредба.
Значи? Закон или не?