Со една убава идеја за борба против стигматизацијата на нивното работно место, плус да постигнат подобар закон за регулирање на проституцијата во Холандија, една поголема група секс-работнички нуди попуст, каков што Македонија не видела ни за роба од 2013 по дуќани. Имено, ако сте во Амстердам моментално, за 50% off, можете да уживате во вообичаената понуда на улиците со црвени фенери.
Примери од ценовникот:
Орален секс:
бил 30 евра
сега 15 евра
Орален плус пенетрација
бил 50 евра
сега 25 евра
Тројка
било 100 евра
сега по неверојатна цена од 50 евра
Каде сме ние по ова прашање? Нормално, македонците се убедени дека ако нешто не гледаме, тогаш не постои. По истата таа логика, ако не постојат легални, средени, чисти и проверени јавни куќи, онда нечии сопрузи нема да одат. Ако постојат, сигурно, по секоја цена, автоматски, апсолутно ќе одат.
Дека ако решиле да одат, ич не можат сега.
Како и да е, red light district има и ваучер, еве го.
Нам ни останува да се надеваме на едно Скопје каде што нема сите комшии да ни ѕиркаат во спална со ц’цкање. А за легална проституција ќе видиме.