
1. Секој втор што ќе го сретнете, еве иде до УЈП, у пичку матер.
2. Кафичите се пуни у работно време, кафе се пие со позајмени пари.
3. Пред контејнер во кој некој бара нешто за јадење, непрописно е паркиран џип од 80.000 евра.
4. Од една страна на плоштад, луѓето гордо гледаат нагоре. Од друга страна, ц’цкаат и вртат глава.
5. На семафор чека дотеран чичко со шешир и капут, и неприкладно разголено, од факултет излезено, “Скопје сум, часој држам англиски”-девојче.
6. Фасади у сите бои и дезени.
7. Девојки како симнати од излог.
8. Девојки како симнати од планина.
9. Мажи како од реклама.
10. Мажи како од црногорска плажа, малце пооблечени.
На семафор чека дотеран чичко со шешир и капут, и неприкладно разголено, од факултет излезено, “Скопје сум, часој држам англиски”-девојче.
Не знам зошто на вакви скопски сајтови толку се омаловажуваат девојките од другите градови. Еве седам, се мислам и не ми текнува. Не можам да ја сконтам таа генерализација.
Ми се допаѓаМи се допаѓа
можеше и скопска шмизла да биде. поентата е друга.
Ми се допаѓаМи се допаѓа