Краткиот филм “Над Скопје” ја освои првата награда на Фестивалот на кратки аматерски филмови одржан на ден 5 Декември 2010 во Скопје во организација на Кинотеката на Македонија и Гете-Институтот. Филмот е во чест на 65- годишнината од раѓањето на германскиот режисер Вим Вендерс.
Приказната во филмот се случува на покрив од една висококатница во Скопје. Млада девојка во состојба на очај и депресија се обидува да си го одземе животот. Во нејзината намера е спречена од ангел, кој задржувајќи ја во прегратката, ја спасува, а со самото тоа и тој станува смртен.
Улогите во филмот ги толкуваат: Александар Лахтов и Ирина Максимоска, камера и монтажа- Марјан Михајловски, технички асистент — Игор Михајловски.