Скопски феномени: Боза

ramadan-ramadaniАко некој има дете и бил покрај него во, според детската психологија, првото филозофско доба, од три до пет години, ќе сфати колку е тежок одговорот на некои прашања. Колку неубедливо изгледаат некои изречени зборови кога треба просто да се кажат, а каков напор тогаш треба за објаснување. “Така се учи синот”, вели татко ми, но знае ли тој колку учам јас од мојот син, а и колку тој, татко ми, научил од мене? 
Така, во едно перипатетско шетање со синот, по улицата со украдени шахти, чинам го сфаќам Аристотел и политиката; и веќе ми е јасно дека токму политиката правена дома е виша политика.
Кога одеднаш – баам!, уште едно такво прашање: “тато, каде е ѓаволот?”. Ај сега. Не иде тој маркетинг дека одговорот е во деталите, не можеш ни да објасниш дека со нас, малите луѓе, се занимаваат неговите чираци и помагачи, разни ѓаволи и ѓаволици. Вртиш, трескаш нешто, ко владин портпарол по склучени владини договори во четири очи, и изговараш некој мито-предлог: “ај да одиме на боза!”. Радост, возбуда отспротива, но најважно е што го нема прашањето.
Таму во слаткарницата, како некој нарачан текст, пристигаат две мали бози.

bozaРитуалот почнува: се стават усните на врвот на чашата која се држи цврсто со двете раце и сите останати практични совети и инструкции. “Уфф, што е ова?”. Пак прашање и враќање кон теоријата. Молк од моја страна, па следи одговор: “Боза, сине! не прашувај што е боза. Те молам. Боза е нешто еднолично. Боза, сине. Муслиманско пиво. Во странски земји е подебела, кај нас како самата убава Шехерезада, тенка и најдобра. ледена, медена, ладна… боза сине! Ама, не ме гледај така. Толку можам. Не се дедуктира објаснувањето за бозата. Толку.  Па, ова е возрасна работа. Сефте, боза требаше да пиеш со другари, ама ти многу прашуваш и јас, да не стане боза муабетот со тие твои прашања, ти нудам боза. Не сине, не знам ништо друго за бозата освен дека е боза”.
Но, се живее секако. Еве, некои мислат дури и дека може да се живее и нечесно, но не се живее со незнаење. Тоа е нешто што не си го простуваш себеси. И така тргам по одговорот. Му се јавив на Алија да се сретнеме на некое легитимно место. Барам одговор за бозата, му реков. Не се среќаваме во слаткарница. Што сé не ми кажа алија за бозата: дека зборот е арапски, а, всушност, арапите не ја пијат; таму боза е стариот назив за сладоледот, кој, еве, сега и таму го викаат ајскрим; дека турците повеќе ја пијат, збогатена со разни состојки. Таа своевремено била редбул за отоманската војска зашто нивнатабоза содржела многу витамини и доста карбонхидрати. Но, почнаа да прават разни шприцери, дури не стигнаа на последното скалило, боза со опиум. Тогаш властите со ферман ги затворија сите дуќани за боза и ете ти армија невработени луѓе.boza boza
Токму турците, ме уверуваше Алија, го донеле прастариот рецепт за боза од Месопотамија и го надградиле. но таму, во Турција, не се пие, ми се довери: бозата станала ова што ние сега го знаеме дури кога дошла кај нас, во македонија, албанија, бугарија, србија, романија… Па, и после тогашната забрана, бозата ја рехабилитирале албанците, правејќи најосиромашена верзија на бозата. Ја рестартирале бозата, мудро заклучивме. Всушност, откриле дека колку бозата е поеднолична, колку е “побоза”, толку е повеќе боза.
Се просветлив, а на синот ништо нема да му кажам. Некои сознанија треба сам да ги сознае.
Сакав уште да прашам за ѓаволот, но знам дека тој не е боза. Толку многу ликови има, што може да се вметне само во шприцери, а не и во нашата тазе, ледена, медена – боза.

Рамадан Рамадани
Advertisements

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s