Моментално сме побогати за уште едно скопско видео, единствено од овој тип во оваа резолуција. Авторот, Горан Џамбазов сакал да го претстави Скопје на еден поинаков начин пред неговите жители и сите што го посетуваат. Нас ни останува да се воодушевуваме на нашиот град во наредните пет минути, а на авторот ќе му кажеме – секоја чест.
