Скопјани кажуваат: Најчудна работа што ви се случила во Скопје?

Трето кафе денес, нема Кафетин, а уште ме боли глава.

Тоа е едно чудно, а друго чудно е да се нема Кафетин дома.

Ги прашав Скопјани што е најчудното што им се случило во Скопје и на мое длабоко воодушевување, налетав на многу мудри коментари. Прво, на сите апсолутно им е јасно, дека е доста чудна работа да те пуштат да поминеш на пешачки во Скопје. Сепак, се истакна дека се случило, браво скопски сообраќај, браво. Би се рекло уште едно браво за Скопски паркинг, гледате, еден почитуван граѓанин нашол место во 2 попладне, и тоа кај Т-Мобиле.

Познат ви е моментот – отворени и заборавени шахти на сред пат, што покрај плодна почва за пцуење по градските татковци, претставуваат и опасност? Е па, во чудните работи, една девојка го наведе и тоа. Уф, заебано е да паднеш у шахта. Се надевам нема последици.
Едни викаат има толку убави и чудни работи што не можат да се набројат.
Наспроти, други викаат дека има толку неубави и чудни работи, што пак не можат да се набројат.
Сеуште е чудно што љубоморни створови за Скопјанец викаат Скопјанин 🙂
Некој вика дека најчудна работа што живее во Скопје (?!)
Чудна работа е како џандарите знаат да те здогледаат БАШ кога проаѓаш 20цм подалеку од зебрата. Не, они само си ја вршат работата, де. Така.
Чудна работа е колку луѓе се нарекуваат фанови на Скопје, а во обична изјава „Скопје ве сака“ мораат да кажат дека „ве“ е кратка заменска форма за директен предмет во 2ро лице – множина.
Назад на нормални чудни работи. Чудно е да не го знаеш Љубе Лигавиот, зашто ако ти се обрати у тој случај, заебан си 🙂
Има и еден чичко, виден во центар, кој одејки мава во празно.
Има уште еден, што седеше до скоро во Капиштец, на картони и правеше елоквентни муабети – со самиот себе.
Има еден што се грижи за сексуалното созревање на младите дами кои шетаат на плоштад. Врти крукчиња со точак и на девојките им дофрла најразлични непристојни предлози.
Некоја девојка од градинка бегала сосе нејзиното столче. Занимливо би било да видиш мало девојче како се обидува да си го најде патот, натоварено со столче помало од неа.
Некои се чекаат кај второто „Р“ на Рекорд. Не гледате чудно? Второто „Р“ веќе не постои.
На некој му бил најчуден првиот ден во Скопје.
Некои викаат дека запознале чудни луѓе, баш во Скопје.
Некои, за жал, се чудат кога ќе запознаат стар Скопјанец.

Коментирај

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s